Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ДУИ: ВЛЕН со дискриминаторско, незаконско и условено решение за албанските ученици во Бутел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
dui

ДУИ преку соопштение реагира на договорот меѓу Министерството за образование и Општина Бутел за уписот на албанските ученици во ООУ „Петар Здравковски – Пенко“, оценувајќи дека предложеното решение ги ограничува нивните права на образование на мајчин јазик.

— реклама —

Од партијата велат дека, според презентираниот договор, учениците од Чаир кои живеат во близина на училиштето ќе можат да се запишат во прво одделение само доколку имаат брат или сестра кои веќе учат во училиштето. Во исто време, не е предвидено отворање нова паралелка на албански јазик.

„Ова не е решение. Ова е начин да се ограничи и услови правото на албанските деца на образование на мајчин јазик“, велат од ДУИ.

— реклама —

Од партијата прашуваат зошто запишувањето на едно дете треба да зависи од тоа дали негов брат или сестра веќе посетува настава во училиштето и бараат институциите да ги објават точниот број на ученици кои побарале упис и критериумите според кои е донесена одлуката.

— реклама —

ДУИ бара да се гарантира уписот на сите ученици кои ги исполнуваат законските услови, како и отворање паралелка на албански јазик доколку има доволен број заинтересирани ученици.

„Ако има 25 или повеќе албански деца кои сакаат да учат на албански јазик, треба да се отвори паралелка на албански јазик. Точка“, порача партијата.

— реклама —

Од ДУИ додаваат дека образованието е право и не смее да зависи од политички договори или дополнителни услови кои, според нив, не се применуваат еднакво за сите ученици.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: На Воената академија - 0 кадети албанци

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
dui

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија - политиките на Владата ја враќаат земјата назад

Македонија | пред 1 седмица

dui

ДУИ за случајот со Алта банка: Колку јавни средства се изложени на финансиски ризик?

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg1l2v2a48u8v2gYLCsi

(Видео) Поддржувачи на ДУИ се собраа во Брвеница, се чекаат изборните резултати

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања