Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ДУИ: Во обид за пропаганда, пратеник на „Вреди“ сам откри дека Владата го крши Законот за јазиците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-librarycok8bf9cdfd90dueSOW

Од ДУИ наведуваат дека вчерашната објава на пратеник од „Вреди“, со која се обидел како успех да го прикаже двојазичното објавување документи во „Службен весник“, завршила како јавен доказ за, како што велат, неспроведување на Законот за јазиците од страна на институциите.

Од партијата посочуваат дека „Службен весник“ не функционира по политичка желба или моментален каприц, туку има законска обврска објавите да ги публикува на два јазика, согласно важечкиот правен поредок.

— реклама —

Од таму оценуваат дека пратеникот на „Вреди“, во обид да се пофали, всушност промовирал примена на законска обврска што, според нив, институциите секојдневно ја оспоруваат.

— реклама —

Од ДУИ додаваат дека, со споредбите што биле направени со други институции, јавно се потврдило оти дел од нив не ја почитуваат законската обврска за употреба на албанскиот јазик.

Според партијата, тоа покажува дека проблемот не е во толкувањето на законот, туку во неговото неспроведување.

— реклама —

Од ДУИ порачуваат дека Владата и Претседателката не можат да се кријат зад, како што велат, пропагандата на своите пратеници, и дека кога целта е манипулација со јавноста, вистината излегува на површина.

— реклама —

Тие додаваат дека со ова, „Вреди“ потврдил дека албанскиот јазик се потиснува од институциите преку систематско неспроведување на законот.

На крајот, од ДУИ бараат целосно и итно почитување на Законот за употреба на јазиците од секоја државна институција, без исклучок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: На Воената академија - 0 кадети албанци

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
dui

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија - политиките на Владата ја враќаат земјата назад

Македонија | пред 1 седмица

dui

ДУИ за случајот со Алта банка: Колку јавни средства се изложени на финансиски ризик?

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg1l2v2a48u8v2gYLCsi

(Видео) Поддржувачи на ДУИ се собраа во Брвеница, се чекаат изборните резултати

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања