Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ДУИ: Втор ден молк, Инспекторатот за употреба на јазиците да си ја врши работата или да следуваат оставки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
ahmeti

Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение повторно упати критики до Инспекторатот за употреба на јазиците, обвинувајќи го дека не реагира поради, како што наведуваат од партијата, непочитувањето на Законот за употреба на јазиците од страна на Град Скопје.

— реклама —

Во соопштението, ДУИ тврди дека Инспекторатот веќе втор ден не постапува, иако, според нив, градоначалникот на Скопје не ги исполнил законските обврски поврзани со употребата на албанскиот јазик.

— реклама —

Од партијата оценуваат дека Инспекторатот има законска обврска да утврдува евентуални прекршувања, да наложува нивно отстранување и да презема мерки во согласност со своите надлежности, поради што бараат институцијата веднаш да отвори инспекциска постапка.

ДУИ бара официјално да се утврди дали има прекршување на законот, да се наложи негова итна корекција, да се преземат законски мерки против одговорните лица и јавноста да биде информирана за преземените активности.

— реклама —

Воедно, од партијата наведуваат дека доколку директорот на Инспекторатот не е подготвен или не е способен да ги извршува своите законски надлежности, треба да поднесе оставка.

— реклама —

Во соопштението ДУИ додава дека ќе продолжи да ги користи сите законски, институционални и политички механизми за, како што наведуваат, целосно почитување на Законот за употреба на јазиците и обезбедување еднаков третман на албанскиот јазик во институциите на Град Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: На Воената академија - 0 кадети албанци

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
dui

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија - политиките на Владата ја враќаат земјата назад

Македонија | пред 1 седмица

dui

ДУИ за случајот со Алта банка: Колку јавни средства се изложени на финансиски ризик?

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg1l2v2a48u8v2gYLCsi

(Видео) Поддржувачи на ДУИ се собраа во Брвеница, се чекаат изборните резултати

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања