Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

ДУИ: За Шасивари скандалите немаат крај. Според него, единствен правен јазик е македонскиот јазик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-librarytifdc02pruhadPzXqGy

Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение го обвини министерот за правда Јетон Шасивари дека со својот пристап кон полагањето на правосудниот испит на албански јазик создава нови проблеми наместо да понуди решение.

— реклама —

Од партијата велат дека се противат на, како што наведуваат, обидите за кршење на Уставот и Законот за употреба на јазиците. Според ДУИ, ставот на министерот остава впечаток дека македонскиот е единствениот правен јазик, додека употребата на албанскиот се третира како прашање што треба дополнително да се уредува со подзаконски акти.

— реклама —

Од ДУИ ја критикуваат и средбата на Шасивари со студентите, оценувајќи дека разговорите и консултациите не можат да се претставуваат како успех ако не доведат до конкретно решение.

— реклама —

„Министерот за правда се претвора во министер за средби! Средби, консултации, разговори и ветувања, но албанските студенти и понатаму се соочуваат со истата пречка: неможноста да го полагаат правосудниот испит на албански јазик“, се наведува во реакцијата.

— реклама —

Партијата нагласува дека уставните права не смеат да зависат од волјата на министерот или од толкувањето на подзаконските акти. Од ДУИ бараат целосно решение за полагањето на правосудниот испит на албански јазик, во согласност со Уставот и законите, оценувајќи дека станува збор за прашање на еднаквост, а не за компромис.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylgu6tanv64ej3kOcpnF

Правосудниот испит ја разгоре политичката расправија: ЗНАМ се заканува со напуштање на Владата, албанските партии му порачаа на Димитриевски дека Врање е блиску

Македонија | пред 57 минути

— реклама —
media-librarykfobcf20epl52LLXVSH

Правосудниот испит во кој се симулира судски процес ќе се полага само на македонски јазик, тврди Мицкоски

Македонија | пред 1 час

media-librarychnerospkash5j7nNgr

За Мицкоски нема дилема: Усмениот дел од правосудниот испит останува да биде на македонски јазик

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryclbk5k1p1n9v20lr4SZ

(Видео) Ќе има протести, ако нема правосуден на албански: Немам ништо против македонскиот, но јас живеам во моја татковина и ми следува да зборувам албански

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања