Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Два патнички авиона добиле дојави за бомби на летовите кон Варшава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 58 минути -

Свет
media-librarycsmppud8gv1c3DR289Y
Фото: X

Два патнички авиона на летовите кон Варшава добиле дојави за поставени бомби, по што биле преземени безбедносни мерки на двата полски аеродрома.

— реклама —

Авион на полската компанија „ЛОТ“, кој летал од Лондон кон Варшава, бил пренасочен кон аеродромот Модлин, каде што безбедно слетал во 10:01 часот по локално време. Во леталото имало 181 лице, а по слетувањето започнале нивна евакуација и проверка на авионот од страна на полицијата и специјализираните служби за експлозиви.

Поради инцидентот, аеродромот Модлин е затворен до понатамошно известување. Дојавата за можна експлозивна направа била примена само седум минути пред слетувањето. Засега нема потврда дека во авионот навистина имало бомба, ниту е познато кој ја испратил заканата.

— реклама —
— реклама —

Речиси истовремено, дојава за бомба добил и авион на компанијата „САС“, кој летал од Копенхаген кон Варшава. Тој слетал на аеродромот „Шопен“, каде што бил подложен на безбедносна проверка. Од управата на аеродромот соопштиле дека воздушниот сообраќај се одвива без застои.

Инцидентот следува еден ден по слична закана за авион на „Виз ер“ на летот од Лондон кон Софија, кој бил пренасочен кон Будимпешта. Унгарија тогаш испратила борбен авион „Грипен“ да го придружува патничкиот авион до безбедно слетување. Подоцнежните извештаи покажале дека заканата била лажна.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7qolcra8u68v38Ffq44

(Видео) Четворица пилоти загинаа во судир на два воени авиони на Филипините

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryhsudoq005m9r0vyINfE

Патнички авион испратил сигнал за киднапирање, пресретнат од хрватски и германски ловци

Балкан | пред 2 седмици

media-librarydrtk0n2uqufi6gfeQOB

(Видео) Погледнал низ прозорецот на авионот и останал збунет: „Зарем сме во вселената?“

Патувања | пред 3 седмици

media-librarybod9lccgpmi76I9B9GO

(Видео) Воен авион со 32 лица се урна во Нигерија, на местото на несреќата пронајдени делови од тела

Свет | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања