Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Дваесетгодишник без возачка дозвола управувал четирицикл и излетал од патот, малолетна сопатничка тешко повредена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library3gojtdh024v31P7Z2Gq
Илустрација / Скопје1

Дваесетгодишен жител на кривопаланечкото село Узем е лишен од слобода откако управувал четирицикл без возачка дозвола и предизвикал сообраќајна несреќа во која тешко е повредена малолетна сопатничка.

— реклама —

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 24 јуни околу 19:30 часот полициски службеници од СВР Охрид го привеле И.П. (20) од село Узем.

— реклама —

Претходно, на локалниот пат меѓу охридските села Горно и Долно Коњско, управувајќи четирицикл со охридски регистарски ознаки, тој изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот.

Во несреќата тешки телесни повреди добила 16-годишна сопатничка од селото Марино, општина Илинден. Повредите биле констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

— реклама —

По наредба на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа на СВР Охрид, при што било утврдено дека возачот го управувал четирициклот без да поседува возачка дозвола.

— реклама —

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 8 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 8 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 8 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 8 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања