Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Двајца малолетници тешко повредени во несреќи со електрични тротинети

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library8qfqilso0lmiaeqULbz
Илустрација / Скопје1

Двајца малолетници се здобиле со тешки телесни повреди во одделни несреќи со електрични тротинети што се случиле во Неготино и Кичево.

— реклама —

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 24 мај околу 14 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на крстосницата од улиците „Климентова“ и „Дојранска“ во Неготино 16-годишник од Неготино, управувајќи електричен тротинет, паднал на коловозот.

— реклама —

Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кавадарци. За случајот бил известен јавен обвинител, а увид извршила екипа од ОВР Неготино.

Во вториот случај, пријавен истиот ден во 12:25 часот во ОВР Кичево, на локалниот пат кон „Нова населба“ во село Зајас се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Рено“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ф.Џ. (32) од село Горно Строгомиште и електричен тротинет, управуван од 15-годишник од Зајас.

— реклама —

Во судирот малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар во Кичево.

— реклама —

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кичево.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 14 часа

— реклама —
media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 14 часа

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 14 часа

media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

Двајца мажи тешко повредени со остар предмет при обид да разделат тепачка во казино во Тетово

Македонија | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања