Промени тема
Контакт

Двајца српски државјани возеле со 169 и 175 км/ч на делница каде што максималната дозволена брзина е 80 км/ч

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryjh6cmt9f9vlg5FI1D6d

Двајца српски државјани биле лишени од слобода на граничниот премин Табановце, откако системот „Безбеден град“ регистрирал дека на автопатот А1, на делницата од тунелите Демир Капија до Гевгелија, возеле со брзина повеќе од двојно над дозволената.

— реклама —

На 18 октомври, во 19:05 часот, на излез од државата била лишена од слобода 36-годишната Н.З. од Србија. При проверка на автомобилот „мерцедес“ со српски регистарски ознаки што го управувала, полицијата утврдила дека системот „Безбеден град“ ја евидентирал за кривично дело „Безобѕирно управување со моторно возило“, според член 297-а од Кривичниот законик. Таа претходно возела со 169 километри на час на делница каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.

— реклама —
— реклама —

Истиот ден, во 22:45 часот, на истиот граничен премин бил лишен од слобода и 58-годишниот В.Ж. од Србија. При проверката на автомобилот „ауди“ со српски регистарски ознаки што го управувал, било утврдено дека на истата делница возел со брзина од 175 километри на час, каде што ограничувањето е 80 километри на час.

Двајцата биле спроведени во полициска станица. По целосното документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp3bghas3id1m27JjmVF

21-годишен пешак тешко повреден откако бил удрен од автомобил во Гостивар

Македонија | пред 15 минути

— реклама —
media-librarysg8c8o6i5fqmciQu9mr

Контролирани 66 угостителски објекти, откриени непријавени работници и работење без дозволи

Македонија | пред 1 час

media-libraryt0vb9c1h1fssecfheQB

Тројца возачи со над 1,50 промили алкохол уапсени во Скопје

Македонија | пред 20 часа

media-librarylfhsascnika0cnle4Ie

Запленети дрога, пиштоли, пушки и муниција при полициска акција низ државата

Македонија | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања