Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Двајцата починати од потонатата милионерска суперјахта не почунале од давење во вода: Пристигнаа резултатите од обдукцијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
brod

Сопругот и жената кои загинаа при потонување на суперјахта кај брегот на Сицилија се задушиле до смрт во воздушен меур откако останале без кислород, објавија италијанските медиуми.

Џонатан Блумер, претседател на инвестициската банка Морган Стенли Интернационал и неговата сопруга Џуди беа меѓу седумте лица кои загинаа кога суперјахтата потона минатиот месец. Нивните тела се пронајдени по тридневна потрага.

— реклама —

Двојката беше на патување со британскиот милионер Мајк Линч за да го прослават отфрлањето на нивните тужби против него во САД кога зафати страшната бура.

Меѓу загинатите се Линч, неговата ќерка Хана Линч (18), неговиот адвокат Крис Морвило и неговата сопруга Неда, како и готвачот на јахтата Рекалдо Томас.

— реклама —

Аутопсиите на нивните тела не откриле вода во нивните бели дробови, што сугерира дека умреле бидејќи нивните кабини се наполниле со јаглерод диоксид и останале без кислород.

Аутопсиите на адвокатот Крис Морвил и неговата сопруга Неда биле претходно завршени, а кај четворицата жртви немало траги од повреди.

Сопругата на Линч, Анџела, ја преживеа несреќата, заедно со уште 14 лица.

Останатите обдукција на телата на Линч, неговата ќерка Хана и готвачот ќе бидат извршени во петок, пишуваат италијанските медиуми. Се очекува и суперјахтата да биде извлечена од морето како дел од истрагата.

Италијанското обвинителство го стави под истрага капетанот на бродот, Новозеланѓанецот Џејмс Катфилд, и двајца Британци, инженерот Тим ​​Паркер Итон и членот на екипажот Метју Грифитс, под сомнение за повеќекратно убиство од небрежност и вина за бродоломот.

На тројцата мажи им било дозволено да ја напуштат Сицилија додека истрагата се обидува да открие што се случило во 16-те минути кога јахтата била погодена од невреме во 3.50 часот и потонала за 60 секунди во 4.06 часот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryuq0p554n9dme6Q8nD2w

(Видео) Нови детали: Камионџија од Струмица загина во страшната несреќа кај Славонски Брод

Свет | пред 3 седмици

— реклама —
media-libraryuq0p554n9dme6Q8nD2w

(Видео) Македонец загина во тешка несреќа на автопат во Хрватска - излетал од патот и при удар во улично осветлување избувнал пожар

Свет | пред 3 седмици

media-library2eqem0o1p4v229kH8bW

Трагедија кај Кванташки пазар: Возач почина зад волан

Скопје | пред 3 седмици

skele

Сè повеќе несреќи на работните места: 132 случаи и 31 смртен исход во 2025 година

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања