Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Скоро две години без одговори за смртта на 27-годишниот Александар Михаиловски кој отиде да работи, а загина во Чешка

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library4qbs4shu366a68zg6ST

Дваесет и седумгодишниот Александар Михаиловски од Ранковце, вработен како монтер во компанијата „ЕЛНОС БЛ“, загина на 13 март 2024 година додека извршувал работни задачи на далновод во Чешка. Неговото семејство тврди дека трагедијата е последица на тешки пропусти во безбедноста при работа и негрижа од страна на претпоставените, а дека институциите речиси две години не презеле ништо.

— реклама —

Семејството достави документација до „Скопје1“, меѓу која и спроводница од македонската амбасада во Прага, записник од Министерството за труд и социјална политика и сведочење на колега кој бил со Александар во моментот на несреќата.

Братот на загинатиот, Слаѓан Михаиловски, вели дека институциите ја одолговлекуваат постапката и стравува дека случајот се остава да застари.

— реклама —

Мојот брат работеше во фирмата повеќе од четири години, уредно пријавен и осигуран. Работеше легално во Чешка со виза обезбедена од компанијата. Несреќата се случи поради човечка грешка и негрижата на претпоставениот – не ги обезбедил мерките за безбедност. Има докази и сведоци. Поднесовме кривична пријава, но речиси две години никој ништо не презема“, вели тој.

Што се случило на 13 март 2024 година?

Според спроводницата на Амбасадата на Република Северна Македонија во Прага, Александар загинал како последица на „паѓање од висина“.

Записникот од Министерството за труд наведува дека несреќата се случила во местото Ревниче, Република Чешка, за време на работни задачи кои ги извршувал како монтер на далновод. При изведување работи на столб од далновод, дошло до пукање на столбот и уривање на корпата во која се наоѓал.

Во изјавата дадена под материјална и кривична одговорност, колегата на Александар, Слаѓан Јовчиќ – детално ја опишува трагедијата:

Столбот почна да се руши и паѓаше кон корпата. Сето се случи многу брзо. Кога се свртев, видов дека столбот е паднат, а корпата откината и фрлена на другата страна. Александар беше паднат и веднаш забележавме дека е починат на самото место“, стои во изјавата на Јовчиќ заверена на нотар.

Обвиненија за пропусти: неисправна опрема, неправилни мерки, необучени работници

Во барањето испратено до Основното јавно обвинителство Скопје и Крива Паланка, адвокатите на семејството наведуваат серија сериозни пропусти:

– корпата била поставена на крај од кран, на неиспитан и неодобрен начин
– не биле спроведени задолжителни мерки за безбедност и здравје при работа
– немало стручно лице што требало да ја надгледува работата
– не биле обезбедени превентивни мерки
– работниците не биле соодветно обучени
– работните средства не биле проверени за исправност и безбедност

Смртта на Александар настапила како директна последица на пропуштени мерки од страна на работодавачот“, се наведува во поднесокот доставен до обвинителството од страна на семејството.

Семејството: „Стравуваме дека намерно се чека да застари случајот“

Слаѓан Михаиловски за „Скопје1“ сведочи:

Не е можно дваесет и три месеци да нема никакво движење. Секојпат кога одам во Обвинителството, велат дека е ‘во постапка’. Стравуваме дека се чека да поминат три години за делото да застари. Така никој нема да одговара за смртта на мојот брат.“

Семејството бара итно продолжување на постапката, кривична одговорност за фирмата и претпоставениот, како и целосно утврдување на причините што довеле до смртта на младиот работник.

„Скопје1“ побара став и од Обвинителството, дали води предмет, во која фаза е, но и дали може да застари. Оттаму очекуваме одговори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryk9chqiu7d1gceH1tl4i

МВР со детали за претресот кај родителите на судијата, каде открија пари соѕидани во ѕид

Македонија | пред 2 часа

media-librarykvthg4k5ut31a4JlRGp

Најдени 350.000 евра во соѕидан простор во домот на родителите на судијата од Апелација, осомничен за висока корупција

Македонија | пред 3 часа

media-libraryg2hfnt9p5bu5bEiRA0G

Семејна драма во Чучер Сандево: маж со автомат се заканувал дека ќе ја убие сопругата и ќерките

Македонија | пред 2 дена

media-library8em3b8601fju3ZE1TSO

Палевски се жали од судијата кој го осуди на доживотна робија

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања