Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Две лица приведени по претреси во Велес и Капиново, запленето нелегално оружје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryv6ei2si0hg9n1VlSshW

Две лица се лишени од слобода во полициска акција спроведена во Велес и велешкото село Капиново, при која биле пронајдени и одземени повеќе парчиња оружје, муниција и поголема сума пари.

— реклама —

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 17 јуни во 03:20 часот полициски службеници од СВР Велес го привеле Г.А. (49) од Велес. При претрес во неговиот дом и помошните простории, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен пиштол „Застава“ со рамка во која имало 13 куршуми, за кој не поседувал соодветна документација, како и поголема сума пари.

— реклама —

Претходно, во СВР Велес била поднесена пријава дека Г.А. подолг период ја малтретирал својата ќерка, ѝ забранувал да излегува од домот и поседувал оружје.

Во рамки на истрагата, со судска наредба бил извршен претрес и во викенд-куќа во селото Капиново, општина Чашка, сопственост на неговиот татко С.А. (74) од Велес. Таму полицијата пронашла и одзела два пиштоли, 71 куршум, пет патрони и дрвен кундак со ременик, исто така без соодветна документација.

— реклама —

По пронаоѓањето на оружјето, и С.А. бил лишен од слобода.

— реклама —

Двајцата биле задржани во полициска станица, за случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 12 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 12 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања