Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Две лица убиени во напад со нож во приватно училиште во Германија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryqtd8d6pqhbcl3B2Tcnh

Две лица се убиени во напад со нож што денеска се случил во приватно училиште во Госен-Ноја Зитау, во близина на Берлин, соопшти германската полиција. Осомничениот напаѓач е уапсен.

— реклама —

Во нападот животот го загубила 18-годишна ученичка, како и 30-годишен маж кој се обидел да ѝ помогне. Засега нема информации дали во нападот има и други повредени лица.

— реклама —

Според германските медиуми, уапсениот има 19 години и наводно бил поранешен партнер на убиената девојка. Неговата националност засега не е позната, а нема информации ниту дали бил ученик во училиштето каде што се случил нападот.

Местото Госен-Ноја Зитау се наоѓа на границата меѓу Берлин и сојузната покраина Бранденбург.

— реклама —

Нападот повторно го отвори прашањето за насилството со нож во Германија. Според податоците наведени во извештаите, во текот на 2025 година во земјата биле регистрирани речиси 30.000 напади со нож, при што речиси 1.000 завршиле со смртни последици.

— реклама —

Пред нешто повеќе од еден месец, 16-годишник во Баварија со нож нападна и тешко повреди две девојчиња во училиште.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

germanija-1

Смртоносна концентрација на гас во стан во Германија, пет лица го загубија животот, меѓу нив три деца

Свет | пред 1 ден

— реклама —
sun-setting-silhouette-electricity-pylons

Германија извезува повеќе струја, но и натаму увезува повеќе и плаќа поскапо

Свет | пред 1 ден

media-libraryqrluegs2e0e36Z3vGM4

Во болница во Берлин избувна пожар, полицијата се сомнева дека еден пациент запалил кревет

Свет | пред 1 ден

media-library2ok69b4epfng3E052fo

Германија ги тестира новите борбени дронови во близина на границата со Белорусија

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања