Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Две третини од домаќинствата во Македонија немаат деца, покажуваат податоците на Евростат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 52 минути -

Македонија
bebe

Речиси 400.000 домаќинства во Македонија немаат деца, а нивниот удел во вкупниот број во 2025 година достигнал 66,1 процент. Ова го покажуваат најновите податоци на Евростат за структурата на домаќинствата.

— реклама —

Од вкупно 595.600 регистрирани домаќинства, 393.400 биле без деца, додека во 202.200 живееле издржувани деца. И покрај тоа, Македонија има поголем удел на домаќинства со деца од просекот во Европската Унија, каде што нивниот удел изнесува 23,3 проценти, наспроти 33,9 проценти кај нас.

— реклама —

Просечниот број деца по домаќинство во Македонија изнесувал 0,60, што е значително помалку од 0,80 во 2015 година. Истовремено, македонските домаќинства се поголеми од европските – во нив живеат просечно меѓу 3,1 и 3,2 лица, додека просекот во ЕУ е околу 2,3 члена.

— реклама —

Во Европската Унија продолжува намалувањето на домаќинствата со деца. Нивниот удел се спуштил од 26,9 проценти во 2010 година на 23,3 проценти во 2025 година. Наспроти тоа, расте бројот на домаќинства во кои живее само едно возрасно лице без деца – од 33,6 проценти во 2015 година на 37,5 проценти во 2025 година.

— реклама —

Меѓу земјите членки, Словачка има најголем удел на домаќинства составени од двојки со деца, со 20,3 проценти. Кај домаќинствата со едно возрасно лице и деца предничи Естонија со 9,4 проценти, додека најголем удел на домаќинства со само едно лице без деца има Литванија – 62,5 проценти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryn4nej2mpr2na8NG4X4n

(Видео) Почнаа подготовките за Нова година: децата го претворија каминот во машина за пуканки

Вирално | пред 3 седмици

— реклама —
media-library5nf6f5tq8o927cLxc60

Македонија со сè помалку деца: Источниот регион со најниска стапка на фертилитет, Скопје на врвот

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryo9nl9d4n8arq8H4vwrU

Околу 12.000 деца во Македонија биле изложени на сексуална злоупотреба преку интернет

Македонија | пред 1 месец

media-libraryb0c212mcrd2i0WbJ7eD

(Видео) Наместо сила, употребил бонбони: Чувар ги надмудрил децата во натпревар по влечење јаже

Вирално | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања