Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Движење на „Реното кангу“ утрото кога исчезна Вања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
vanja-

Снимки од движењето на возилото „Рено кангу“, кое го користела политичката партија „Десна“ со која претседаваше Љупчо Палевски-Палчо беа презентирани денеска во Кривичен суд. Снимките се од критичниот ден, односно утрото кога Вања исчезна, односно денот кога Обвинителството тврди дека била и убиена.

„Во 5 часот 37 минути и 32 секунди се гледа како возилото ‘рено кангу’ поминува на раскрсницата од булевар ‘Јане Сандански’ со ул. ‘Васко Карангелевски’ и продолжува во насока на хотел ‘Русија’. Во 5:39 часот возилото е лоцирано на раскрсница меѓу булевар АСНОМ и бул. ‘Србија'”, рече обвинителката.

— реклама —

Возилото се движи од Чаир кон Дебар Маало - Центар, а во истото има едно лице што се забележува на камерата во Центар пред да стигне кај Влада пред да се упати по Партизанска во време 6:30. Кога стига на раскрцницата кај Соборна, во 6:30 часот се забележува „Реното кангу“ дека продолжува да се движи право по Партизански одреди кон Карпош, и врти десно на улицата Ленинова.

— реклама —

Во 7:30 минути (минути пред Вања да биде грабната) се забележува како се движи од Дебар Маало и се вклучува на булеварот Илинден.

— реклама —

„'Реното кангу' се наоѓа во левата лента но според сообраќајните правила не смее да врти во лево на место каде што не е дозволено вртење во лево според сообраќајните правила“, рече обвинителката презентирајќи ја снимката.

Во 7 часот и 39 минути се забележува на раскрсницата од булаварот Илинден со Наум Наумовски Борче. Продолжува да се движи по Илинденска кон Карпош што се гледа на камерата кај Зоолошка. Стига до Мида и врти десно по булаварот „8 Септември“, кај Александар Палас, во правец кон Момин Поток и ако се зумира во истото се забележува дека има едно лице - возач. Движењето на „Реното кангу“ продолжува по булаварот „8 Септември“ во 7 часот и 38 минути.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

palco

(Видео) Адвокатот на Палчо бара одново да се суди убиството на Вања и Панче, па тврди дека тој е невин

Настани | пред 4 дена

— реклама —
vanja-gjorcevski-aleksandar-

Таткото на Вања кажа дека се чувствува како заложник, Туфегџиќ го нападна Обвинителството: Токму затоа што нема докази треба да биде ослободен

Македонија | пред 5 дена

media-libraryceng4lkp9km01YFeyx6

Александар Ѓорчевски имал клучна улога во грабнувањето на Вања, тој пратил порака до девојчето кога се договарало грабнувањето, вели обвинителот

Македонија | пред 5 дена

vanja-palco-velibor-bore-gjorcevski4

Жалбите за пресудата за убиствата на Вања и Панче денеска пред Апелациски суд

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања