Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Дводневен симпозиум за медитеранска и теоретска археологија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

ОО
media-libraryhccfeejfpgff8VETTzY

Синоќа во куќата на Робевци, беше отворен првиот „Меѓународен симпозиум за Медитеранска  и теоретска аррхеологија – ЛИХНИДА“. Дводневниот научен собир е во организација на повеќе институции од Македонија и универзитетот Хамболд од Соединетите Американски Држави. На свеченото отворање се обрати градоначалникот Кирил Пецаков.

– Исклучителна е честа денес да се биде во ваква академска средина, во градот кој е вечна инспирација, посебно за археологијата. Искрени честитки за организаторите, кои по повод Европските деноови на наследство 2025, упеаја да го организираат првиот „Меѓународен симпозиум за Медитеранска и теоретска археолигија –Лихнида“.

Годинава се навршуваат 45 години кога меѓународната стручна јавност ги препознала уникатните вредности на Охрид и го ставила на листата на УНЕСКО како светско природно и културно наследство. Тоа е голема чест, но и голема одговорност во пристапот и заштитата на вековното природно и културно богатство.

Почитувани, верувам дека во наредните два дена со вашите презентации, научни согледувања и идеи, ќе ни помогнете да изградиме уште посилен институционален механизам и пристап во археолошката наука, а со тоа и во значителна мера во заштитата на богатото културно наследство со кое изобилува Охрид и Македонија – истакна Пецаков.

Директорот на симпозиумот проф. д-р Љубен Тевдовски потсетувајќи дека Охрид е симбол за материјалното и духовното наследство на македонскиот народ, но и значајна точка, вруток на европската, медитеранската и светска цивилизација, истакна:

– Денес се инспирираме и ја пресоздаваме нашата милениумска Охридска и македонска традиција. Нашиот македонски, европски, медитерански и светски  бисер на археолошко и културно наследство Охрид, денес се трансформира пред нашите очи во модерен центар за фундаметални анализи и методолошка строгост. Нова значајна точка на постојани средби на медитеранските археолози посветени на обновувањето и постојано преосмислување на археологијата како научна дисциплина, развојот на нова свест за недореченостите и заблудите во науката и општеството, обезбедувањето нови пристапи во проучувањето и разбирањето на нашето заедничко минато и соочувањето со медитеранските и глобалните предизвици до денешноста и иднината.

Дозволете ми да ви честитам за основањето на новата меѓународна институција која го продолжува милениумскиот дух на Градот на светлината и повеќедецениската благородна мисија на УНЕСКО. Во таа смисла, „Меѓународниот симпозиум за теретска и медитеранска архологија Лихнида“, е израз нашата заедничка посветеност на долгорочна промоција на мирот, културното разбирање и заштитата на заедничкото наследство на човештвото.

Во продолжение на вечерта, се одржа пред промоција на книгата “Етиката во археолошката практика“ од проф. д-р Пол Белфорд и проф. д-р Гери Вејт, која својата светска промоција ќе ја има на Келог колеџот на универзитетот во Оксфорд.

— реклама —

На дводневниот симпозиум учествуваат повеќе од 40 еминенти научници и археолози и од земјава и странство.

IMG-32c7299e4e3abed4c888cc435b4ddbb1-V

— реклама —

IMG-4522b70ac3ca7b1ca06aa1bdba367100-V

IMG-7c379f04b839e04228bb708145cd2bc9-V

— реклама —

IMG-c4ca4b2673be223e63d7aabd16ce8062-V

IMG-e449164a9f7c3f7cfed6c858b37008bb-V

IMG-eed605e5704b587b3da23f11bdc30bb7-V

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjviec318d2gs8q8fGhd

Во недела во Охрид стартува музичкиот караван за 35 години независност

Македонија | пред 11 час

media-library4susnij26bgr3UZtPeJ

(Видео) Ечеше „Бисер балкански“ и „Лихнида“ во Охрид: Млади улични артисти собраа публика како на концерт

Магазин | пред 21 час

media-librarycpcdcuujs6rvdaLLCZF

(Видео) Сакаат да ја избегнат утрешната гужва, заглавија вечерва: долги колони од Охрид кон Скопје

Македонија | пред 2 дена

media-libraryvo0qqe4h52a392pOjWG

Драма во Охрид: Со нож му барал пари на малолетник, нападнал и скопјанец

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања