Промени тема
Контакт

Двојазични лиценци - капитулација на ДПМНЕ и продолжување на антимакедонските политики, велат од Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-08-12-at-15.09.15

„На вчерашната седница на Собранието, коалицијата ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ, ги изгласа измените на Законот за заштита на децата со кои се воведуваат двојазични лиценци за работа во градинките!“, соопшти Левица.

— реклама —

„Пратениците на ДПМНЕ, кои добија поддршка од околу 500.000 граѓани со ветување за ‘горда Македонија’ и ставање крај на штетните политики на СДС-ДУИ, коишто бараа голема победа за да не бидат уценувани од албанскиот политички блок – сега се нурнаа во длабока примена на неуставниот Закон за двојазичност!

Потсетуваме дека овие измени на Законот за заштита на децата беа протуркани на несоодветна комисија – Комисијата за енергетика, каде претседател е Бојан Стојановски од ДПМНЕ!

— реклама —

Со досегашното делување, ДПМНЕ јасно ја искажува намерата за продолжуваање и надградување на политиката на кантонизација која ја зацрта СДС.

— реклама —

Оваа одлука на ДПМНЕ претставува директна предавничка капитулација пред двојазичните политики кои самите ги осудуваа додека беа во опозиција нарекувајќи ги кривични дела.

Со изгласувањето на двојазични лиценци, ДПМНЕ го легитимира процесот на дезинтеграција на Македонија. Од Рамковниот договор, преку Преспанскиот и Бугарскиот договор, до овој чин, политиките на СДС се продолжуваат со апсолутно мнозинство од страна на партијата која вети дека ќе ја брани Македонија, а сега го користи мандатот за антимакедонски политики.

— реклама —

Во моментот кога сите други политички елити се натпреваруваат кој ќе биде попокорен слуга на надворешните и антимакедонските интереси - Левица, чиј пратеници гласаа против овие измени, уште еднаш докажува дека е единствената политичка сила која доследно и искрено се бори против федералистичките и разнебитувачките политики“, соопшти Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 1 ден

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања