„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Џамбо Агушев и "Фонтана" со нова урбана обработка на "Касапско оро"

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
Kasapsko-oro_Trajkovski-AgusevIMG_8258

Групата Фонтана заедно со трубачот Џамбо Агушев направи урбана обработка на "Касапско оро“, една од најпознатите инструментални теми во целокупната Балканска музичка традиција.

— реклама —

За потребите на документарниот филм посветен токму на „Касапско оро“, кој треба да се промовира наскоро е направена токму оваа обработка со еден современ урбан призвук, а солистичкиот дел изведен од Благојче Трајковски и Џамбо Агушев го содржи целокупниот колорит кој го има Балканската музичка традиција.

- Поканата да го реализираме ова парче музика за мене, а и за останатите колеги беше чест и големо задоволство. Мене како солист ова ми е трета обработка на оваа безвременска тема и секаде каде што ми се овозможува прилика со задоволство ја изведувам. Посебно се радувам што токму со Џамбо го реализиравме овој документ. Легендарните снимки од ова оро „Касапско“ кои ги оставија Тале Огненовски и Благоја Дескоски, се еден столб во македонската традиционална музика и заслужуваат бескрајна почит. Тие изведби за мене лично претставуваат огромна инспирација. Па оттука и ми се роди желбата да дадам и јас свој придонес во оживувањето и развојот на оваа исклучителна музичка тема, вели Трајковски.

— реклама —

Оваа безвременска тема своевремено ја обработија и ја документираа како аудио записи легендарните инструменталисти: кларинетистот Тале Огненовски и виолинистот Благоја Дескоски, така што со нивната изведба оваа тема остана цврсто втемелена во аналите на македонската музичка историја.

Аудио продукцијата се реализираше во студио „ПОДРУМОТ“ од Ангел Ќосев, а за видео продукцијата беа задолжени ВЕСТА ПРОДУКЦИЈА.

TwH95JkHIsg

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

fdsfasdfas

ФОТО: Пак пропадна камион во фонтаната на Груевски и Трајановски, вредна 2,5 милиони евра

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања