Промени тема
Контакт

(Видео) Подната фонтана на плоштадот повторно ќе блесне во полн сјај

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-libraryeoo6g2ffuius5ymUi99

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека е во тек темелна реконструкција на подната фонтана во центарот на градот, која, како што посочи, повторно ќе стане едно од најпрепознатливите обележја на Скопје.

Според Ѓорѓиевски, се работи на трајно решение кое опфаќа сервисирање на специјализираната опрема произведена во Германија и целосно враќање на функционалноста на автоматизираниот систем.

— реклама —

Тој информираше дека паралелно се врши и конструктивно унапредување на фонтаната, при што постојната носечка подконструкција се заменува со нова изработена од иноксни профили, што ќе обезбеди поголема стабилност, безбедност и долговечност на системот.

„Фонтаната повторно ќе биде место за средби, детска радост, фотографии, прошетки и убави спомени. Место кое ќе му ја врати живоста на плоштадот и повторно ќе стане една од најубавите слики од центарот на Скопје“, порача Ѓорѓиевски.

— реклама —

Тој додаде дека паралелно се врши и замена на оштетените плочки на потегот од Порта „Македонија“, со цел централното градско подрачје да добие уреден и достоинствен изглед.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3hn9onm4ofu66wE6Ai1

(Видео) Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави реконструкција на симболот на Скопје, култната фонтана „Лотос“

Скопје | пред 7 месеци

— реклама —
Kasapsko-oro_Trajkovski-AgusevIMG_8258

Џамбо Агушев и "Фонтана" со нова урбана обработка на "Касапско оро"

Магазин | пред 3 години

fdsfasdfas

ФОТО: Пак пропадна камион во фонтаната на Груевски и Трајановски, вредна 2,5 милиони евра

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања