Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

ДЗР алармира: Диско клубови, кабареа, локали добиваат лиценци и без проверки за безбедност – големи пропусти во Министерството за економија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
Fabric

Државниот завод за ревизија утврдил сериозни слабости во начинот на кој Министерството за економија ги издава лиценците и решенијата за категоризација на угостителските објекти, предупредувајќи дека законската рамка дозволува дискотеките, кабареата и другите локали да почнат со работа и без задолжителни проверки за противпожарни, технички, санитарни и еколошки стандарди.

— реклама —

Според ревизијата, ниту една фаза од постапката – од издавање на првично решение до обновување на документацијата – не предвидува соодветен механизам за проверка дали објектите ги исполнуваат минималните услови. Дополнителен ризик претставува и тоа што не постои централен регистар на издадени лиценци, што го отежнува надзорот и создава простор за работа без важечки документи.

— реклама —

Во анализираниот период, Министерството за економија во 2024 година издало две лиценци за дискоклуб, четири за дискоклуб на отворен простор, 16 за кабаре, како и повеќе од 70 решенија за категоризација на ресторани и сместувачки објекти. Во 2025 година, дел од лиценците биле одземени: две за дискоклуб, една за дискоклуб на отворено и осум за кабаре.

— реклама —

ДЗР упатува и сериозни забелешки на финансиското работење на Министерството, посочувајќи дека околу два милиони евра не завршиле во државната каса поради несоодветно постапување на Прекршочната комисија формирана во 2019 година, која дозволила предметите да застарат.

Според ревизорите, ваквите пропусти укажуваат на системска слабост која може да влијае врз безбедноста на граѓаните и на функционалноста на институционалниот надзор, особено кога станува збор за локали со зголемен ризик и голема фреквенција на посетители.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

krediti-za-skoluvanje-denari-1

Домашното производство добило 6,29 милијарди денари од кредитната линија за инвестиции

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library6puvnl3c0ch53NphE5Q

Министерството за дигитална трансформација без попис на дел од имотот, 43 проценти од работните места непополнети

Македонија | пред 3 дена

media-libraryvfitn7r6hsp001zvOAO

Спорни влогови, набавки без законска постапка и недостиг од лиценци откри ДЗР кај пет друштва за игри на среќа во кои Државна лотарија има 51 отсто удел

Македонија | пред 1 седмица

media-library6k072kv2islfbP107dL

34.000 евра месечно за јавно осветлување, запуштен парк и 100 телефонски броеви без евиденција – ДЗР со сериозни забелешки за Кичево

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања