Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

ЕБОР го откочи БРТ: Скопје оди кон набавка на 130 автобуси, наместо најавените 80 - дел ќе стигнеле и до крајот на годината

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
media-library4sci5rpe5ie48DEAjbs

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјавува дека наместо првично најавените 80, за Скопје ќе бидат набавени вкупно 130 нови автобуси. Тој информира дека утрово пристигнува писмо од ЕБОР со кое конечно се откочува проектот за брзиот автобуски превоз БРТ и неговата изградба.

— реклама —

„Наместо 80 автобуси, ќе бидат набавени 100 автобуси. Од ЕБОР утринава стигна писмо со кое конечно се откочува проектот со БРТ и изградба на истиот“, вели Ѓорѓиевски, додавајќи дека обврска на Градот е да формира проектна единица и да изврши измена на планот за јавни набавки.

— реклама —

Покрај 100-те автобуси кои ќе ги обезбеди Влада на Република Македонија за Скопје, градоначалникот најавува дека преку БРТ-проектот ќе се обезбедат уште најмалку 30 автобуси за градот. „За брзо ќе ја започнеме постапката за тоа. Сега ќе бидат 130 автобуси, иако сум ветувал 80 автобуси“, посочува тој.

Според информациите со кои располага, набавката најверојатно ќе се реализира по моделот влада со влада, што, како што вели, ќе ја забрза испораката. Во однос на роковите, Ѓорѓиевски нагласува дека најголемиот дел од автобусите треба да бидат испорачани во текот на оваа година, но не може да гарантира дека сите 100 од првата набавка ќе пристигнат до крајот на годината.

— реклама —

„Во најголем дел автобусите ќе треба да бидат испорачани оваа година. Но дали сите 100 ќе стигнат оваа година, не можам да гарантирам – не го правам јас тоа“, изјавува градоначалникот, додавајќи дека динамиката ќе зависи од постапките и од партнерите вклучени во набавката.

— реклама —

Со оваа најава, како што оценува Ѓорѓиевски, јавниот превоз во Скопје влегува во фаза на значително засилување, при што се комбинираат директна владина поддршка и долгорочно решение преку БРТ-системот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryhodacqm1ac996HPQi0R

(Фото) Комунална ги исчисти хартиите расфрлани на патот кон Градиште, паднале од возило на фирма

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-library5e7huf074neqeEn1FI6

(Видео) Куп листови расфрлани на булеварот од Кисела Вода кон Драчево

Скопје | пред 1 ден

media-libraryg6kv0sdr15otdy2DlCS

Скопје на листата најдобри градови во светот за соло патување

Магазин | пред 1 седмица

media-librarybgrpom8m8tr54cDlVcy

(Фото) Се переле улици, се отстранувале диви депонии: Ѓорѓиевски се пофали дека екипи го чистеле Скопје цела ноќ

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања