Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Еден од најголемите рубини во светот е изложен во Дубаи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
Corundum-215330

Еден од најголемите рубини во светот, наречен „Бурџ Алхамал“, за прв пат беше претставен на јавноста вчера во хотел во Дубаи во Обединетите Арапски Емирати и ќе биде изложен еден месец пред да биде ставен на аукција.

— реклама —

Скапоцениот камен од 8.400 карати и 2,8 килограми е еден од најголемите „необработени рубини“ пронајдени досега и еден од „најретките“ во светот, рече Патрик Пилати, извршен директор на SJ Gold and Diamond, која го изложи.

— реклама —

„Овој необработен рубин е пронајден во Танзанија. Не е загреан, што значи дека не е обработен. Тој е во својата природна состојба и затоа е скапоцен. Пред да биде понуден на аукција, рубинот ќе биде изложен во следните 30 дена“, рече тој.

— реклама —

Цената на овој скапоцен камен од зеленикави и темно виолетови тонови може да достигне 120 милиони долари.

Во март, џиновски дијамант наречен "The Rock" првпат беше изложен во Дубаи. Тогаш аукциската куќа Кристи објави дека дијамантот во облик на круша од 228,31 карати бил ископан и обработен во Јужна Африка пред 20 години, најголемиот бел дијамант досега на листата. "The Rock" ќе се најде на аукција во Швајцарија во мај и се очекува да биде продаден за 30 милиони долари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryuil7ottbau4kcF7EB1s

Македонскиот рубин официјално прогласен за национален минерален симбол

Македонија | пред 4 месеци

— реклама —
media-librarydmm269bfj9kn4dkp0Np

Во Мјанмар откриен еден од најголемите рубини во светот

Магазин | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања