Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Еден загинат и седум повредени во руски напад со дронови врз Киев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
media-library274douocelmc26TRi6w

Најмалку едно лице загина, а седуммина меѓу кои и 13-годишно дете, се повредени во руски дронски и ракетен напад врз Киев изутринава, јави Би-би-си.

— реклама —

Експлозиите оштетија станбени згради во повеќе делови од градот. Градоначалникот Виталиј Кличко, изјави дека четири лица се пренесени во болница, а пожар избувнал на пониските катови од една висококатница западно од центарот. Друг пожар бил ставен под контрола во централниот дел на градот.

— реклама —

Шефот на воената администрација, Тимур Ткаченко, потврди дека ударите погодиле повеќе цели на периферијата на главниот град и дека воздушната одбрана е активирана против дронови над градот.

— реклама —

Регионални власти јавија дека и во Бровари, источно од Киев, две жени биле повредени кога ракети и дронови погодиле станбени подрачја.

— реклама —

Овој напад се случува само неколку дена по слично руско бомбардирање што усмрти седум лица во Киев, додека истовремено беа пријавени жртви и во руската област Ростов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryachv131mr8uq3KqAzYD

Украина со масовни напади врз Русија, Москва тврди дека соборила 1.441 дрон

Свет | пред 2 часа

— реклама —
media-librarydomkoiv4lstj9yXXQxq

(Видео) Руски ракети погодија два големи моста во Киев, прекинато снабдувањето со вода и струја

Свет | пред 11 час

media-librarye00b4sg9vormbcLok01

(Видео) Украина изведе најголем напад со дронови врз Русија од почетокот на војната: Москва тврди дека соборила 1.336 летала

Свет | пред 1 ден

kremlj-moskva

Кремљ ги отфрли обвинувањата на Естонија за руска саботажа: „Немате докази“

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања