Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Единствена Македонија бара Совет на политички лидери за национални прашања, нема големи и мали партии кога е Македонија во прашање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
edinstvena-makedonija

Единствена Македонија преку соопштение изрази загриженост поради, како што наведува, континуираните процеси што влијаат врз македонскиот национален идентитет и државните позиции, оценувајќи дека е потребна поголема внимателност и одговорност од институциите кога станува збор за прашања од национален интерес.

— реклама —

Од партијата ја поздравуваат, како што велат, цврстата определба на актуелната власт да не прави дополнителни отстапки кои би навлегле во виталните национални и државни интереси на Македонија и македонскиот народ, но сметаат дека тоа не е доволно и дека е потребен поширок и поинклузивен пристап.

— реклама —

Во соопштението се наведува дека ваквите прашања не треба да бидат предмет на одлучување само на поединечни политички структури, туку дека е неопходен национален консензус, бидејќи, според партијата, станува збор за прашања од највисок државен интерес.

— реклама —

Поради тоа, Единствена Македонија во соопштението предлага формирање Совет на политички лидери од сите политички партии, во кој би се усогласувале заеднички позиции за прашања од национален и државен интерес.

— реклама —

Од партијата порачуваат дека не постојат големи и мали партии кога станува збор за Македонија и Македонците, туку само добри и лоши идеи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Нема фотографија

Единствена Македонија до владата: Прашањето за Македонците не е прашање на една влада туку на македонскиот народ

Македонија | пред 4 години

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања