Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Единствена Македонија до владата: Прашањето за Македонците не е прашање на една влада туку на македонскиот народ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Единствена Македонија ја повикува владата на СДСМ и ДУИ да го покаже т.н. француски документ за бугарско-македонскиот спор кој експресно беше прифатен од бугарска страна. Македонскиот народ има право да знае за што се преговара зад сцената и што договара марионетската влада во Скопје. Затоа, повикуваме на обелоденување на францускиот документ и македонскиот народ да види што точно содржи, велат од Единствена Македонија.

„Единствена Македонија ја потсетува владата на СДСМ и ДУИ дека прашањето за Македонците не е прашање на една партија или на една влада, туку на македонскиотнарод.

— реклама —

На повидок е ново национално предавство налик на капитулантскиот договор со Грција. Единствена Македонија ја предупредува владата на СДСМ и ДУИ дека за национално предавство одговорност мора да има, и ќе има.

— реклама —

Единствена Македонија го реафирмира својот став дека е најдобро владата на СДСМ и ДУИ да се вразуми и на очигледниот шовинистички поход спрема македонскиот народ да одговори со повлекување од Договорот со Бугарија, мораториум на преговорите за датум за членство во ЕУ до следните парламентарни избори на кои народот ќе одлучи за правецот по кој ќе се движи Македoнија.

— реклама —

Единствена Македонија како одговорна партија која во основа се бори за одбрана на македонските национални интереси никогаш нема да ја предаде Македонија, нашата земја, нашата татковина. Ќе ги поништиме антимакедонските договори. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом. Онака како што се бориме за нашите домови, се бориме и за Македонија“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

edinstvena-makedonija

Единствена Македонија бара Совет на политички лидери за национални прашања, нема големи и мали партии кога е Македонија во прашање

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања