Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

Една од култните игри, The Sims 4, станува бесплатна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
ts4-featured-image-base-refresh.png.adapt_.crop191x100.1200w

EA објави одлична вест за сите фанови на Симс. Играта The Sims 4 ќе биде бесплатна за преземање од 18 октомври и на голем број уреди, од PC и Mac до PlayStation 4 и 5 како и конзолите Xbox.

„Пречекавме милиони играчи на Симс и со љубопитност гледавме како нивната имагинација дивее, откривајќи и поврзувајќи се преку идеи, искуства и верзии за себе, во реалноста и во играта“, гласеше нивната објава.

— реклама —

Тие истакнаа дека овој потег е „израз на благодарност до верните фанови“, а на Твитер порачаа дека се радуваат на повеќе играчи, приказни и „начини за создавање хаос“.

— реклама —

LADbible пишува дека некои фанови шпекулираат дека овој потег може да значи дека The Sims 5 е на хоризонтот, иако точниот датум на лансирање сè уште не е познат. Гејмерската заедница шпекулираше дека новиот Симс ќе биде мултиплеер, а Лаура Миле од Electronic Arts во интервју изјави дека сакаат да се фокусираат на „социјалната компонента на играта“.

— реклама —

"Во последните 20 години научивме многу за тоа како играчите влегуваат во интеракции, што ги мотивира, како соработуваат. Затоа ни е многу важно што во новата генерација на Sims ги имаме најдобрите алатки со кои играчите ќе ја прошири нивната креативност“, истакна таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryvg6h2rjf0ef8dO6Ti34

Nvidia инвестира 5 милијарди долари во стартапот на коосновачот на OpenAI

Свет | пред 3 дена

media-libraryt86ilfti5nol7dqh4Wo

Германски стартап разви дијамантски квантен процесор што работи на собна температура

Магазин | пред 6 дена

media-library4ttopf98bpn43S1UUvF

LG мониторите автоматски инсталираат апликации без знаење на корисникот

Магазин | пред 1 седмица

media-librarys4h5saa6rn5aeVChqNl

СпејсИкс планира да лансира мобилна услуга Starlink за американските корисници

Магазин | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања