Промени тема
Контакт
Од лекот за Ива Михаилова до Бошкоски, „Ровер“ и криминалот – Барбов и Раичевиќ во „Претрес“ Гледај на LANDOV.MK 2:44:14

Ефтимов: ВМРО нè нападнаа физички сега јавно со украдени полициски документи од ПС Струмица, бараме истрага

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library5kelab7tmgkn3xhUfYI

Денес стоиме пред вас не како обвинети, туку како нападнати. Криминалната група ВМРО ги штити тепачите што ги пратија врз нас во Ново Село. Прво нè нападнаа физички, вели Христијан Ефтимов од СДСМ, вели Христијан Ефтимов од СДСМ.

„Сега нè напаѓаат јавно - со лаги, со навреди и со украдени полициски документи – кои се доверливи. ВМРО на прес-конференција објави податоци од документи од Полициската станица Струмица.

Податоци до кои немаат право на пристап. Податоци што се водени како службена тајна. Тоа не е политика тоа е кривично дело.

— реклама —

Бараме од Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага и да поднесе кривична пријава против:

•  Полициски службеници од Полициската станица Струмица, кои неовластено извадиле и предале доверливи полициски податоци,

•  Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, кој како прв човек на МВР сноси одговорност за злоупотребата на полицијата,

— реклама —

•  Валентин Манасиевски, кој јавно ги објавил тие податоци и ги искористил за јавен линч врз младите.

Истовремено бараме Внатрешната контрола на МВР итно да утврди кој им овозможил пристап на функционери на ВМРО до службена тајна и кој ставил потпис. За што ќе бараме и посебно вештачење.

— реклама —

Ако институциите не постапат, ние ќе поднесеме кривична пријава. За сите. Погрешивте што дигнавте рака на младите.

Погрешивте што направивте уште едно кривично дело за да нè замолчите. Не успеавте во Ново Село. Нема да успеете ниту сега.

Ние не се плашиме.

Вистината е на наша страна.

И доаѓа време кога сите ќе одговарате“, вели Ефтимов.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

СДСМ: Скопје без сигурен превоз, Ѓорѓиевски со дрон и билборд, автобуси од Орбан и ѓубре од Куманово

Македонија | пред 8 часа

— реклама —
media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжува

Македонија | пред 10 часа

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ: Земјоделците се на работ, трошоците растат 8,8%, цените 2,3%, Арамијата молчи

Македонија | пред 3 дена

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Мицкоски најавува дека струјата нема да поскапи, но не ја исклучува можноста за повисоки сметки од јануари

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања