Ексдиректорите на Пазарна пуштени од притвор, синот на газдата на „Пулс“ доби мерки откако го пуштија од болница; Штраус: Со добри дела и чиста намера се гради држава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
viber_image_2025-03-18_13-58-16-740

Ексдиректорите на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски-Штраус и Анета Симеска-Димоска се ослободени од куќен притвор, ама останаа без пасоши. Тие се осомничени во предметот за дискотеката „Пулс“, односно дека со нивните дејствија овозможиле дискотеката да работи без да ги исполнува сите услови. Прво беа во ефективен притвор, па добија куќен, сега излегнуваат на слобода, по одлука на судот во Кочани, а по предлог на Обвинителството. Трајковски денеска објави фотографии од црквата св. Петка.

— реклама —

„На денот на жртвата, со мисла за духовното и човечкото. Велики Петок не е само симбол на тишина и тага – туку и на длабока вера, истрајност и надеж. Во денови кога премолчени битки се водат и во тишина, вреди да се потсетиме дека само преку смирение, искреност и добрина можеме да изградиме подобро општество. Во пресрет на најголемиот христијански празник, на сите граѓани им посакувам мир, сила и благослов во домовите. Со добри дела и чиста намера се гради држава“, напиша Трајковски на „Фејсбук“.

— реклама —

По излегувањето од болничко лекување, мерки за претпазливост доби и синот на Дејан Јованов – Деко кој е газда на дискотеката „Пулс“ по чиј пожар загинаа 62 лица, а 197 беа повредени.

— реклама —

Во ефективен притвор останува екс министерот за економија Крешник Бектеши, неговите претходници Ваљон Сарачини и Беким Незири остануваат во домашен притвор. За амбасадорот Дритон Кучи кој исто така раководеше со ова министерство изречени се мерки на претпазливост. Во куќен притвор се и поранешните градоначалници на Кочани, Љупчо Папазов, Ратко Димитриевски и Николчо Илиев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања