Промени тема
Контакт

Ексминистерката Десковска: Јавноста со право реагира за името на бугарскиот центар, не е дадено одобрение од мене

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
278590698_657254308700253_1594293267548156360_n

Универзитетската професорка и министерка за правда во времето кога било регистрирано здружението „Иван Михајлов“ во Битола, Рената Десковска, вели дека јавноста со право реагира, но исто така посочува дека министерството не издало такво одобрение.

— реклама —
— реклама —

„Јавноста со право реагира. Се постави и прашањето околу тоа кој државен орган дозволил да се регистрира здружение под тоа име. Надлежен за регистрирање на здруженијата е Централен регистар. Доколку во името на здружението е внесено име и презиме на историска и друга позната личност, се бара нејзина согласност, ако е почината – согласност од нејзини сродници до трет степен во права линија, а доколку такви не постојат, согласност дава Министерството за правда.Во 2019 година кога е регистрирано ова здружение, побарано е одобрение од Министерството за правда. Министерството тогаш НЕ ДАЛО одобрение за употреба на името Иван Михајлов. Министерството за правда го известило и подносителот на барањето дека не може да даде согласност за употреба на името Иван Михајлов“, вели Десковска.

— реклама —

„Известувањето дека не може да се даде согласност, значи дека немате согласност од надлежниот орган! Овој случај покажува дека треба веднаш да почне постапка за носење измени на Законот за здруженија и фондации во кои ќе се пропише јасна постапка за регистрирање на истите, јасни критериуми кои имиња би биле забранети за употреба и да се предвиди компетентна комисија која ќе оцени дали одредено лице е историска личност и да дава предлог за одобрување или не одобрување на употреба неговото име“, додава професорката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl9eoil3ejtlt3FY55Hl

Потона товарен брод кај бугарскиот брег, 11 морнари се водат како исчезнати

Балкан | пред 21 час

— реклама —
media-library067df65ukbjb4AVFG31

Бугарија ќе го повика рускиот амбасадор по инцидентите со бродови кај нејзиниот брег

Свет | пред 1 ден

media-libraryisls4fucpevc8tHiIAJ

Убиен познатиот бугарски бизнисмен Илијан Филипов

Балкан | пред 2 седмици

Car_Samoil

Посмртните останки на цар Самоил, кои се откриени во Малото Преспанско Езеро, ќе бидат пренесени од Солун во Бугарија на 3 октомври

Балкан | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања