Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Експертите предупредуваат: Не чекајте пубертетот да го „извлече“ нискиот раст кај детето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Магазин
drvo-dete

Стручњаците предупредуваат дека забавениот раст кај децата не треба да се игнорира со надеж дека „ќе се среди во пубертетот“, бидејќи токму раното препознавање на проблемот е клучно за успешно лекување.

— реклама —

Според лекарите, дури 85 проценти од вкупниот раст се остваруваат пред пубертетот, поради што навремената дијагностика и започнувањето на терапијата значително ги зголемуваат шансите детето да го достигне својот генетски потенцијал за раст.

Иако спортот е важен за здрав развој, физичката активност не може да го надомести недостатокот на хормон за раст. Единствено соодветниот третман може да помогне кај децата кај кои е утврдено вакво нарушување.

— реклама —

За важноста од навремена реакција сведочи и искуството на семејството Милисављевиќ. Нивната ќерка ја добила конечната дијагноза на пет години и девет месеци, а терапијата започнала веднаш потоа. На шестгодишна возраст таа имала висина карактеристична за тригодишно дете.

— реклама —

По повеќе од три години терапија, девојчето пораснало 23 сантиметри, добило седум килограми и значително ја подобрило самодовербата.

Лекарите нагласуваат дека редовното мерење на децата е наједноставниот начин навреме да се откријат евентуални отстапувања во растот. Родителите треба да ја следат висината на своите деца најмалку еднаш до двапати годишно и да се консултираат со педијатар доколку забележат застој во растот.

— реклама —

Недостатокот на хормон за раст не влијае само врз висината, туку може да има последици и врз метаболизмот, здравјето на коските и кардиоваскуларниот систем. Затоа, експертите апелираат родителите да не чекаат детето „само да порасне“, туку навреме да побараат стручна процена при првите знаци на отстапување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn4nej2mpr2na8NG4X4n

(Видео) Почнаа подготовките за Нова година: децата го претворија каминот во машина за пуканки

Вирално | пред 3 дена

— реклама —
media-library5nf6f5tq8o927cLxc60

Македонија со сè помалку деца: Источниот регион со најниска стапка на фертилитет, Скопје на врвот

Македонија | пред 4 дена

media-libraryo9nl9d4n8arq8H4vwrU

Околу 12.000 деца во Македонија биле изложени на сексуална злоупотреба преку интернет

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryb0c212mcrd2i0WbJ7eD

(Видео) Наместо сила, употребил бонбони: Чувар ги надмудрил децата во натпревар по влечење јаже

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања