Промени тема
Контакт

Електронски рочишта и побрзи судски постапки: Усвоен Законот за парнична постапка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryb2jm4bvgmfguaGC5f8x
Magnific

Собранието со 81 глас „за“, девет „против“ и без воздржани го усвои новиот Закон за парнична постапка, кој според Министерството за правда претставува значаен чекор во реформите на правосудниот систем и неговото усогласување со европските стандарди.

Со законските измени се предвидува подобрување на ефикасноста на судските постапки, нивно поедноставување и забрзување, како и зајакнување на правната сигурност и заштитата на правата на граѓаните и правните лица.

— реклама —

Новиот закон ја зајакнува улогата на судот при утврдувањето на фактичката состојба, воведува дигитални алатки во работата на судовите и овозможува поефикасно водење на постапките, особено кај споровите со помала вредност.

Една од позначајните новини е можноста судските писмена да се доставуваат електронски, како и одржувањето рочишта преку електронски средства, со цел да се намалат трошоците и да се скрати времетраењето на постапките.

— реклама —

Законот предвидува и воведување претставнички тужби за заштита на колективните права и интереси, со што се прошируваат механизмите за правна заштита.

— реклама —

Од Министерството за правда посочуваат дека законските решенија се усогласени со останатите системски прописи и се дел од реформската агенда насочена кон поефикасно судство, владеење на правото и зголемување на довербата на граѓаните во институциите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library5vqplokfvvki00rRS8t

Министерот Шасивари и Нотарската комора разговараа за реформи во нотаријатот

Македонија | пред 4 седмици

media-library3hm59b39ehkhbLpB2HJ

„Македонија и Косово градат силно партнерство на европскиот пат“, вели Шасавари

Македонија | пред 1 месец

media-library1farreervqh10qZeA2M

Шасивари разговараше со судиите-поротници за нивните барања и надоместоците

Македонија | пред 1 месец

media-libraryf4j5gdvnfmpfccLL40m

Министерот Шасивари и директорот на РАИ ја потврдија заложбата за зајакнување на антикорупциските политики

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања