Министерот за правда Јетон Шасивари денеска одржа работна средба со претседателката на Нотарската комора, Цеца Малева Стоев, на која се разговараше за актуелните прашања поврзани со функционирањето на нотаријатот.
Во фокусот на разговорите беа потребата од измени на Законот за нотаријат, унапредувањето на дигитализацијата на нотарските услуги, како и надминувањето на предизвиците во примената на постојните законски решенија.
Од Министерството за правда истакнуваат дека остануваат посветени на отворен и конструктивен дијалог со Нотарската комора како важен дел од правосудниот систем, со цел подобрување на владеењето на правото, зголемување на ефикасноста на нотаријатот и јакнење на довербата на граѓаните во институциите.