Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Шасивари: Продолжуваме со силно партнерство со САД за владеење на правото и борба против корупцијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryg2jfjfpdbl2oc9LQmsP

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска се сретна со вршителката на должноста шеф на Мисијата во Амбасадата на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс, при што беше потврдена продолжената соработка меѓу Министерството за правда и САД во спроведувањето на реформите во правосудството.

На средбата се разговараше за клучните приоритети на Министерството, меѓу кои реформите во правосудството, владеењето на правото, дигитализацијата на правосудниот систем, законодавната агенда и борбата против корупцијата. Шасивари побара и натамошна размена на искуства и експертска поддршка од САД во областа на кривичното законодавство.

— реклама —

Тој изрази благодарност за досегашната американска поддршка на реформските процеси, истакнувајќи дека таа придонесува за зајакнување на институционалните капацитети, особено во борбата против транснационалниот организиран криминал и за унапредување на соработката со меѓународните партнери.

— реклама —

Во фокусот на разговорите беше и реформата на кривичното законодавство, при што беше посочено дека започнала реализацијата на проектот „Поддршка за спроведување на Националната стратегија за дроги во Република Северна Македонија“, финансиран од Бирото за меѓународни прашања поврзани со наркотиците и спроведувањето на законите (INL) при Стејт департментот на САД.

— реклама —

Соговорниците ја потврдија заедничката определба за понатамошно продлабочување на партнерството преку нови заеднички проекти, експертска поддршка и размена на искуства во областите од заеднички интерес.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library5vqplokfvvki00rRS8t

Министерот Шасивари и Нотарската комора разговараа за реформи во нотаријатот

Македонија | пред 2 седмици

media-library3hm59b39ehkhbLpB2HJ

„Македонија и Косово градат силно партнерство на европскиот пат“, вели Шасавари

Македонија | пред 3 седмици

media-library1farreervqh10qZeA2M

Шасивари разговараше со судиите-поротници за нивните барања и надоместоците

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryf4j5gdvnfmpfccLL40m

Министерот Шасивари и директорот на РАИ ја потврдија заложбата за зајакнување на антикорупциските политики

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања