Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Емиратите го забрзуваат нафтениот мегапроект: нов цевковод до 2027 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryj6tam3guo0b5a71RSJt

Обединетите Арапски Емирати ќе ја забрзаат изградбата на нов нафтен цевковод со цел до 2027 година да го удвојат извозниот капацитет преку пристаништето Фуџаира, соопшти денеска канцеларијата за медиуми на владата во Абу Даби.

На овој начин земјата во голема мера ќе може да ја заобиколи рутата преку Ормускиот теснец.

— реклама —

Престолонаследникот, шеик Калед бин Мохамед бин Зајед, ѝ наложил на Националната нафтена компанија во Абу Даби (ADNOC) да ја забрза реализацијата на проектот Западно-источен нафтен цевковод, се наведува во соопштението, пренесува Ројтерс.

Како што се додава, изградбата на цевководот е во тек и се очекува тој да започне со работа во 2027 година.

— реклама —

Постоечкиот нафтен цевковод во Емиратите, познат и како цевководот Хабшан–Фуџаира, може да пренесе до 1,8 милиони барели сурова нафта дневно и се покажа како клучен додека земјата се обидува да го зголеми директниот извоз од брегот на Оманскиот залив, наведува агенцијата.

— реклама —

Емиратите и Саудиска Арабија се единствените производители во регионот на Персискиот залив кои имаат нафтени цевководи преку кои нафтата се извезува надвор од Ормускиот теснец.

Техеран го наруши сообраќајот низ стратешкиот теснец меѓу Иран и Оман, како одговор на американско-израелските напади што започнаа на 28 февруари, со што е блокиран околу една петтина од глобалните испораки на нафта кои вообичаено одат кон Азија и други делови од светот.

— реклама —

Кувајт, Ирак, Катар и Бахреин речиси целосно зависат од Ормускиот теснец кога станува збор за испорака на нафта.

Цените на енергенсите значително пораснаа поради нарушувањата во испораките, што ги натера владите да воведат ограничувања на горивото и предизвика страв од економска криза и пораст на инфлацијата, наведува Ројтерс.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfbqe45p5aglecWxDifv

Иран го укина ограничувањето на дострелот на балистичките ракети од 2.000 километри

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-libraryalkkhtimieqt3TijVuP

(Видео) Иран објави снимка од подземни поморски тунели со ракетни системи и воени чамци

Свет | пред 4 часа

media-librarylbc8fiscfaqlcMv63FH

Иран најавува ново оружје и подземни ракетни градови: „Нема да можете да нè запрете“

Свет | пред 6 часа

media-library8ud7rds13skn3MIu41z

Две ракети погодиле стратешки важен ирански остров во Ормускиот Теснец

Свет | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања