Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Енергетска тревога: Г7 расправа за пуштање нафтени резерви поради војната со Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Свет
media-library06n17o41rd039MbAVnX
unsplash

Министрите за финансии на земјите од Г7 одржаа итен онлајн состанок поради силниот раст на цените на нафтата, кои надминаа 119 долари за барел поради ескалацијата на конфликтот со Иран.

— реклама —

На состанокот се разговарало за влијанието на војната врз глобалните пазари и можните мерки за стабилизирање на снабдувањето со енергенси.

Јапонската министерка за финансии Сатсуки Катајама изјави дека Меѓународната агенција за енергија предложила координирано ослободување на дел од стратешките нафтени резерви.

— реклама —

„Меѓународната агенција за енергија ги повика сите земји координирано да пуштат дел од своите нафтени резерви“, рече Катајама на брифинг со новинарите.

Според неа, на состанокот министрите разговарале за последиците од конфликтот во Иран врз енергетските пазари, откако цената на нафтата во понеделникот надмина 119 долари за барел.

Аналитичарите предупредуваат дека натамошната ескалација на конфликтот на Блискиот Исток може дополнително да ги зголеми цените на енергенсите и да предизвика нови економски потреси на глобално ниво.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања