Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Епидемијата на ебола во Конго однесе над 6.000 животи: Потврдени повеќе од 12.000 случаи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 54 минути -

Свет
ebola

Во Демократска Република Конго од епидемијата на ебола досега починале 6.025 лица, а потврдени се 12.254 случаи во осум провинции. Според податоците на владата објавени на 28 ноември, ова е најсмртоносната епидемија на ебола во историјата на земјата, пренесува „Ројтерс“.

— реклама —

Ова е 17. епидемија на ебола во Демократска Република Конго, прогласена на 15 мај. Ја предизвикува вирусот бундибугио, за кој засега нема одобрена вакцина ниту специфичен лек.

— реклама —

Стапката на смртност изнесува околу 49 проценти, односно речиси половина од потврдените случаи завршиле со смртен исход. Една од главните пречки во справувањето со епидемијата е доцното барање медицинска помош, а дел од заболените воопшто не стигнуваат до здравствените установи.

Според Африканските центри за контрола и превенција на болести, повеќе од 60 отсто од починатите умреле надвор од центрите за лекување, што дополнително ја отежнува контролата на ширењето на заразата.

— реклама —

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

ebola

Над 5.000 починати од ебола во Конго, бројот на заразени надмина 10.000

Свет | пред 4 седмици

— реклама —
ebola-kongo

Во Конго убиен медицински техничар што лекувал заболени од ебола

Свет | пред 1 месец

migranti

Најмалку 12 загинати, десетици исчезнати по превртување на пловило во Конго

Свет | пред 2 месеци

media-libraryhe4k27fokhhv0Z1nWvl

(Видео) Нов вид мајмун откриен во Конго по повеќе од една деценија истражувања

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања