Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

(Видео) Нов вид мајмун откриен во Конго по повеќе од една деценија истражувања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-libraryhe4k27fokhhv0Z1nWvl

Речиси две децении откако првпат беше забележан во крошните на прашумите во Демократска Република Конго, меѓународен тим научници потврди дека станува збор за досега непознат вид мајмун. Новиот вид официјално го доби научното име Colobus congoensis.

Локалното население од етничката група Баланга, кое живее во близина на Националниот парк Ломами, одамна го познава овој мајмун под името Ликвели. Првите снимки од животното биле направени во 2008 година, но фотографиите биле недоволно јасни за да се потврди дека станува збор за нов вид.

Интересот повторно се зголемил десет години подоцна, кога мајмунот повторно бил забележан, по што започнало обемно истражување. Во периодот од 2018 до 2022 година научниците ги снимале неговите карактеристични длабоки звуци, кои потсетуваат на крекање жаба, анализирале генетски примероци и разговарале со жители на 52 села во близина на неговото живеалиште.

— реклама —

„Дури по десет години истражувања во шумите на Ломами добивме доволно јасни снимки и фотографии за да потврдиме дека навистина станува збор за нов вид мајмун. Освен што беше непознат, овој примат е и исклучително редок и живее на многу ограничено подрачје“, изјави коавторката на студијата Терез Харт.

— реклама —

Истражувачите го забележале мајмунот 114 пати на површина од околу 1.700 квадратни километри. Само жителите на осум од вкупно 52 анкетирани села го препознале овој вид, што, според научниците, е невообичаено бидејќи локалното население обично многу добро ги познава животните што живеат во нивната околина.

Резултатите од истражувањето, објавени во научното списание PLOS One, покажуваат дека Colobus congoensis е само петтиот нов вид африкански мајмун опишан во последните 75 години врз основа на претходно непозната дива популација. Воедно, тој е шестиот познат вид од родот колобуси.

— реклама —

Научниците предупредуваат дека новооткриениот вид живее на многу ограничено шумско подрачје меѓу три притоки на реката Конго и дека неговиот опстанок е загрозен од ловот и ширењето на човечките активности. Поради тоа препорачуваат тој да биде класифициран како загрозен вид, со надеж дека официјалното признавање ќе придонесе за подобра заштита на Националниот парк Ломами и неговата богата биолошка разновидност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ebola-kongo

Епидемијата на ебола во Конго се шири: Над 1.200 заразени и 321 починат

Свет | пред 2 седмици

media-libraryrmm7u1og4gqh2Etpspm

Во Конго би можело да има повеќе од 900 заразени со ебола

Свет | пред 1 месец

ebola-kongo

Полицијата пукаше во воздух за да растера толпа пред центар за лекување на ебола во Конго

Свет | пред 1 месец

ebola-kongo

Во Конго има над 900 сомнителни случаи на ебола, починале 204 лица

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања