Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Епидемијата во Гостивар е стабилна, нема нови потврдени случаи на западнонилска треска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
kovid-ambulanta-klinika-infektivna

Министерството за здравство соопшти дека состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна и дека здравствените институции продолжуваат континуирано да ја следат состојбата.

— реклама —

Според податоците, на 31 јули биле регистрирани вкупно 60 први прегледи. Иако во однос на претходниот ден има зголемување, Министерството наведува дека вкупниот тренд е значително понизок во споредба со пикот на епидемијата на 18 јули, кога биле евидентирани 649 први прегледи.

— реклама —

Во периодот од 14 до 31 јули се регистрирани вкупно 4.543 први прегледи. Досега се примени 1.028 формални пријави за заразна болест, а изработени се 730 нови епидемиолошки анкети, што претставува опфат од 71 процент.

Во однос на западнонилската треска, Министерството информира дека до Институтот за јавно здравје нема новопријавени лабораториски потврдени случаи.

— реклама —

На Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани тројца пациенти кај кои постои сомнение за западнонилска треска, а се очекуваат резултатите од лабораториските испитувања.

— реклама —

Министерството за здравство посочува дека во координација со Институтот за јавно здравје и здравствените установи продолжува засилениот епидемиолошки надзор и најавува дека јавноста навремено ќе биде информирана за сите нови сознанија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7b1lmhjsgdj7bIgrSP7

Зошто прво ни се затнува едната, а потоа другата ноздра?

Вирално | пред 2 седмици

— реклама —
media-library3unmusk0p3mk1fAaIW6

Повеќе чекори, подобра концентрација? Научниците открија интересна поврзаност

Вирално | пред 3 седмици

media-librarysd5h61289eaj1MsMsDL

Нутриционистките откриваат кој леб е најдобар за организмот

Вирално | пред 3 седмици

media-library8od0sru5oktoc53nMMh

Биолошката возраст на срцето се менува по трансплантација, покажува ново истражување

Вирално | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања