Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Естонија се подготвува целосно да ја затвори границата со Русија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 33 минути -

Свет
media-libraryb521vis21qi88JhzpeQ
Russian Foreign Ministry's official account

Естонскиот премиер Кристен Михал нареди подготовка на мерки за можно целосно затворање на границата со Русија, по обидот за саботажа во фабрика за производство на воени беспилотни летала. Естонските безбедносни служби се сомневаат дека зад инцидентот стои руската воена разузнавачка служба ГРУ, објави естонскиот јавен медиум ЕРР.

Во саботата, на 14 ноември, биле приведени осум државјани на Латвија по обидот за упад во производствениот погон на компанијата „Треод Системс“ во Вимси, северно од Талин. Според естонските власти, целта била да се предизвика експлозија и да се запали објектот во кој, меѓу другото, се произведуваат извидувачки и борбени дронови со голем дострел.

— реклама —

Михал соопшти дека разговарал со министерот за внатрешни работи Игор Таро за можноста за затворање на источната граница. Тој им наложил на Министерството и на владините служби да ги подготват сите потребни мерки за нејзино затворање доколку безбедносната состојба дополнително се влоши.

Естонскиот премиер предупредил дека руските разузнавачки служби ги користат граничните премини за дејствување против Естонија. Според него, затворањето на границата би ги намалило безбедносните ризици и би испратило порака до Москва дека нападите врз естонската одбранбена индустрија се неприфатливи.

— реклама —

Ова не е прв ваков инцидент во Естонија. Во август бил извршен обид за подметнување пожар во компанијата „Милрем Роботикс“ во Талин, која развива беспилотни воени возила и друга одбранбена технологија.

— реклама —

Естонската служба за внатрешна безбедност проценува дека обидот за напад врз „Треод Системс“ бил извршен по налог на руската воена разузнавачка служба ГРУ. Михал оцени дека целта на ваквите операции е заплашување на населението и слабеење на поддршката за Украина.

Тој порача дека Естонија нема да ја намали помошта за Киев, туку ќе продолжи да ја зајакнува соработката со сојузниците и да го зголемува притисокот врз Русија.

— реклама —

Во моментов, Естонија има три отворени гранични премини со Русија – Нарва, Лухамаа и Коидула. Тие работат од 7 до 19 часот, а ноќното затворање е воведено за зајакнување на безбедноста и подобар надзор.

Владата во август одлучила ограниченото работно време да остане во сила до понатамошно известување. Тогаш министерот за внатрешни работи оценил дека нема доволно причини за целосно затворање на границата, но најновиот инцидент повторно го отвори ова прашање. Засега не е објавен датум за евентуално затворање, ниту е потврдена конечна одлука.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytl96bavipvpodxvawcw

Естонија ја засилува одбраната: клучна бригада се преместува на 50 километри од Русија

Свет | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryur9b28e50slb5DWzxGw

Естонија ја избра Уле Мадисе за нова претседателка: Таа е втората жена на чело на државата

Свет | пред 2 месеци

655-402-zatvor

Естонија ќе ги полни празните затвори со затвореници од Шведска

Свет | пред 2 месеци

media-libraryf0mvs9ohvf380MpXI8Y

(Видео) Необично натпреварување во Естонија: учесници имитираа квичење на свињи

Вирално | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања