Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Естонија од декември ја затвора границата со Русија, ја обвинува Москва за обид за палење фабрика за дронови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 30 минути -

Свет
media-libraryi32709jeneb96ddEXlG

Естонија најави дека од 1 декември ќе ги затвори сите гранични премини кон Русија, откако ја обвини руската воена разузнавачка служба ГРУ дека наредила саботажа врз компанија од одбранбената индустрија која произведува беспилотни летала.

— реклама —

Главната државна обвинителка Астрид Аси соопшти дека во саботата, нешто по три часот наутро, непознати лица се обиделе насилно да влезат во просториите на компанијата „Треод системс“, во близина на Талин, со намера да предизвикаат пожар и експлозија. Обезбедувањето го спречило нападот пред да биде предизвикана поголема штета.

— реклама —

По инцидентот биле приведени осум осомничени, кои пристигнале од соседна Латвија, а петмина се задржани во притвор.

Естонската служба за внатрешна безбедност соопшти дека разузнавачките податоци укажуваат оти нападот бил нарачан од руската воена разузнавачка служба ГРУ.

— реклама —

Естонскиот премиер Кристен Михал оцени дека инцидентот е дел од пошироката руска хибридна војна против Европа, чија цел е намалување на поддршката за Украина и на притисокот врз Русија.

— реклама —

Ова не е прв ваков случај во Естонија. Во август бил подметнат пожар во компанијата „Милрем роботикс“, која ѝ испорачува на Украина копнени беспилотни возила. Естонските власти во септември официјално ја означиле руската разузнавачка служба како одговорна за тој инцидент.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryb521vis21qi88JhzpeQ

Естонија се подготвува целосно да ја затвори границата со Русија

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-librarytl96bavipvpodxvawcw

Естонија ја засилува одбраната: клучна бригада се преместува на 50 километри од Русија

Свет | пред 1 месец

media-libraryur9b28e50slb5DWzxGw

Естонија ја избра Уле Мадисе за нова претседателка: Таа е втората жена на чело на државата

Свет | пред 2 месеци

655-402-zatvor

Естонија ќе ги полни празните затвори со затвореници од Шведска

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања