Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

ЕУ најави дополнителна помош за земјоделците по поскапувањето на ѓубривата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-librarypv0q2ibs74ts4GjqHDB
Photo by EqualStock on Unsplash

Европската комисија денеска најави дополнителна финансиска помош за земјоделците поради големиот раст на цените на ѓубривата, предизвикан од војната на Блискиот Исток.

— реклама —

Еврокомесарот за земјоделство Кристоф Хансен во Стразбур изјави дека ЕК краткорочно ќе ги поддржи европските земјоделци за да можат да ги набават потребните ѓубрива за следната сеидба.

Иако не беше соопштен точниот износ, се очекува да бидат искористени преостанатите 200 милиони евра од земјоделскиот кризен фонд на ЕУ.

— реклама —

Според Европската комисија, цените на азотните ѓубрива во април биле за 71 процент повисоки од просекот во 2024 година.

— реклама —

Дополнителен раст на цените бил забележан по американско-израелскиот напад врз Иран и затворањето на Ормускиот Теснец.

Хансен предупреди дека достапноста на ѓубрива е на најниско ниво од 2022 година и дека дел од земјоделците веќе ја намалуваат употребата на ѓубрива или ги кратат обработливите површини.

— реклама —

Акцискиот план на ЕУ предвидува вкупно 25 краткорочни и долгорочни мерки за поддршка на земјоделството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања