Промени тема
Контакт

ЕУ одобри субвенции од 5 милијарди евра за фабрика за чипови во Германија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
EU-1

Европската комисија одобри германска државна помош од пет милијарди евра за новата фабрика за микрочипови на Европската компанија за производство на полупроводници (ESMC) во Дрезден.

ESMC е заедничко вложување помеѓу Taiwan Semiconductor Manufacturing Company (TSMC), Bosch, Infineon и NXP.

Поддршката за ESMC, одобрена според правилата за државна помош на ЕУ, ќе придонесе за подобрување на европската безбедност на снабдување и отпорност, како и за дигиталниот суверенитет во технологиите на полупроводници. Тоа ќе придонесе и за дигиталната и зелената транзиција, објави Европската комисија.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на церемонијата на поставување на камен-темелникот на фабриката во Дрезден рече дека новата фабрика претставува потврда за Европа како глобална моќ во иновациите, дека ја зајакнува технолошката отпорност и значи создавање од 11.000 работни места низ Европа.

Се проценува дека изградбата на фабриката ќе чини вкупно десет милијарди евра.

— реклама —

Новата фабрика ќе снабдува чипови со високи перформанси и ќе биде од „отворен тип“, што значи дека секој клиент, а не само акционерите на ESMC, ќе може да нарача производство на специфични полупроводници.

Заменик-претседателката на Комисијата задолжена за политика на конкуренција, Маргрете Вестагер, рече дека германската државна помош од пет милијарди евра ќе ги зајакне капацитетите за производство на полупроводници во Европа и ќе и помогне на ЕУ во зелената и дигиталната транзиција, како и создавање можности за вработување на висококвалификувани работници.

Таа додаде дека фабриката „отворен тип“ ќе обезбеди пристап до полупроводници на широк спектар на клиенти, вклучувајќи мали бизниси и стартапи.

— реклама —

На церемонијата во Дрезден присуствуваше и германскиот канцелар Олаф Шолц, кој рече дека полупроводниците се клучни за опстанокот на индустријата и климатските цели на земјата.

Шолц ја нагласи важноста од зголемување на производството на чипови во Германија со цел да се намали зависноста на Европа од другите во рамките на глобалниот синџир на снабдување.

— реклама —

Фон дер Лајен најави и во Дрезден дека во новиот мандат на чело на Комисијата ќе преземе дополнителни мерки за подобрување на конкурентноста на европската индустрија.

Како што рече, ќе се формира европски фонд за конкурентност за инвестиции во стратешки технологии, вклучително и во областа на чиповите.

Германскиот министер за економија Роберт Хабек по одобрувањето на државната помош изјави дека германската влада ќе го задржи брзото темпо на проектот и брзо ќе го заврши одобрувањето на финансирањето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

raketa

Европската ракета за вселената стана хит, ја нарача и Амазон

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryg65gl6mol4o9cKY61DX

Брисел испраќа 114,7 милиони евра за справување со мигрантската криза во Сеута

Свет | пред 1 ден

media-librarypffsujuo64vi54qnO41

19 отсто од становите во Загреб се празни – Брисел предлага нови правила за домувањето

Свет | пред 1 ден

ursula-1

ЕУ му дава 200 милиони евра на Гренланд: „Мора да остане со Европа, а не со САД“

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања