Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ЕУ одобри речиси осум милијарди евра помош за Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 21 минута -

Свет
ursula

Советот на Европската Унија одобри исплата на речиси осум милијарди евра помош за Украина, наменета за закрепнување, обнова, модернизација и спроведување реформи во процесот на пристапување кон ЕУ. Станува збор за досега најголемата поединечна исплата во рамките на Инструментот за Украина, механизмот за финансиска и оперативна поддршка за периодот од 2024 до 2027 година.

— реклама —

Вкупниот буџет на овој инструмент изнесува 50 милијарди евра, од кои 33 милијарди се наменети за заеми, а 17 милијарди за неповратна помош. Повеќе од 40 милијарди евра се предвидени за реформи и инвестиции опфатени со украинскиот план за закрепнување и пристапување кон Унијата.

— реклама —

Со деветтата исплата, вкупната сума што Украина ја добила преку овој механизам надминала 40 милијарди евра.

Исплатата е условена со спроведување на украинскиот план и исполнување на договорените реформски обврски. Од Советот на ЕУ соопштија дека Украина исполнила повеќе од 20 предвидени цели во области како правосудството, борбата против корупцијата и перењето пари, финансиските пазари, енергетиката, земјоделството, дигиталната трансформација и заштитата на животната средина.

— реклама —

Покрај финансиската поддршка, Европската комисија во понеделникот соопшти дека исплатила и 1,71 милијарда евра воена помош за набавка на беспилотни летала, муниција и системи за противвоздушна одбрана.

— реклама —

„Ќе продолжиме да ѝ даваме непоколеблива поддршка на Украина, како што правиме секој ден од првиот ден на руската агресија“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl26uegu4mlod1EX7wLW

ЕУ одобри рекордни 7,9 милијарди евра помош за Украина по спроведените реформи

Свет | пред 6 часа

— реклама —
media-library851tjhhenkmca40ntaI

Калас сака да ја претставува ЕУ во преговорите за Украина: Русите не ме сакаат на преговарачката маса

Свет | пред 3 дена

media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp

ЕУ бара место на преговарачката маса, Кремљ вели дека е подготвен за дијалог

Свет | пред 3 дена

gradeznistvo-1024x448

Становите во Европа стануваат сè понедостапни: Цените растат побрзо од платите

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања