Промени тема
Контакт

ЕУ пред ризик од недостиг на авионско гориво

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library8dj04sgisio52NpdMMr

Во моментов нема докази за недостиг на гориво во Европската Унија, но во блиска иднина може да се појават проблеми со снабдувањето, особено со авионско гориво, соопшти денеска портпаролката на Европската комисија, Ана Каиса Итконен.

Таа истакна дека рафинериите во ЕУ покриваат околу 70 проценти од потребите за авионско гориво, додека остатокот се обезбедува преку увоз, што ја прави Унијата ранлива на надворешни шокови.

— реклама —

Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток и затворањето на Ормускиот теснец доведоа до значителен раст на цените на нафтените деривати, особено на керозинот, кој е клучен за авионскиот сообраќај.

— реклама —

Минатата недела, Асоцијацијата на европски аеродроми во писмо до Европската комисија предупреди дека постои ризик од недостиг на авионско гориво во Европа доколку пловидбата низ Ормускиот теснец не се нормализира во наредните три недели.

— реклама —

Од Европската комисија нагласуваат дека се во постојана координација со земјите членки, со цел да имаат целосен увид во резервите на гориво, капацитетите на рафинериите и можните алтернативни увозни рути, што е клучно за навремено преземање мерки доколку состојбата се влоши.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryhsudoq005m9r0vyINfE

Повторно воспоставен авионскиот сообраќај на аеродромот во Катанија

Свет | пред 1 седмица

media-library6c9alqtkejnd2iw4kRp

Ryanair може да се соочи со високи казни поради спорните такси за седишта

Свет | пред 2 месеци

avion

„Кроација ерлајнс“ ги намалува летовите од Загреб кон Скопје и Сараево

Балкан | пред 3 месеци

media-libraryo0q3096u2dff0PBFlsZ

Сè поскапи летови меѓу Европа и Азија, растат цените на авионските билети

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања