Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Повторно воспоставен авионскиот сообраќај на аеродромот во Катанија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 часа -

Свет
media-libraryhsudoq005m9r0vyINfE
unsplash

Авионскиот сообраќај на аеродромот во Катанија денеска повторно е воспоставен, откако претходно беше прекинат поради активноста на вулканот Етна.

Аеродромската компанија SAC соопшти дека од 14 часот повторно се отворени секторите C1 и B3, откако нивото на предупредување за вулканска активност беше намалено од „црвено“ на „портокалово“.

— реклама —

Летовите, и за пристигнувања и за заминувања, продолжија од 14 часот.

Од 6 до 12 август биле откажани повеќе од една третина од вкупно 1.974 планирани летови од Катанија, додека околу 630 летови биле пренасочени кон други аеродроми.

— реклама —

Етна, еден од најактивните вулкани во Европа, често предизвикува проблеми во авионскиот сообраќај во Катанија. При вулканска активност, пепелта може да ги прекрие пистите и околните површини, а доколку навлезе во моторите на авионите може да предизвика сериозни проблеми.

— реклама —

Активноста на Етна влијаела и врз авионскиот сообраќај на Малта, јужно од Сицилија, каде исто така биле откажани летови поради облакот од пепел.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library6c9alqtkejnd2iw4kRp

Ryanair може да се соочи со високи казни поради спорните такси за седишта

Свет | пред 2 месеци

avion

„Кроација ерлајнс“ ги намалува летовите од Загреб кон Скопје и Сараево

Балкан | пред 2 месеци

media-libraryo0q3096u2dff0PBFlsZ

Сè поскапи летови меѓу Европа и Азија, растат цените на авионските билети

Свет | пред 3 месеци

media-library464v8a7tuhsc3KlDE3X

Откажани 13.000 летови ширум светот поради кризата на Блискиот Исток

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања