Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

ЕУ воведува дигитален идентитет: Личните документи и дипломите ќе се чуваат на телефон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV
unsplash / Markus Spiske

Европската унија до 24 декември 2026 година треба да им овозможи на граѓаните најмалку еден сертифициран дигитален паричник за чување лични документи и други податоци. Досега системот е воведен само во три земји членки, иако подготовките се одвиваат низ целата Унија.

Дигиталниот паричник ќе биде бесплатен, а корисниците во него ќе можат да чуваат национална лична карта, возачка дозвола, дипломи, податоци за здравствено осигурување и банкарски податоци.

— реклама —

Една од главните предности е можноста граѓаните сами да избираат кои информации ќе ги споделат. На пример, при проверка на возраста ќе може да се потврди дека лицето е полнолетно без да се открие датумот на раѓање или други податоци од личната карта.

Системот предвидува и механизми за заштита на приватноста, меѓу кои спречување на поврзувањето на различни трансакции со истиот корисник, како и ограничување на можноста издавачот на документот да следи каде и за која цел се користи.

— реклама —

Користењето на дигиталниот паричник ќе биде доброволно, а физичките лични карти, возачките дозволи и останатите документи ќе продолжат да важат.

— реклама —

Меѓу земјите членки има значителни разлики во динамиката на воведување. Италија е меѓу земјите што најмногу напредувале, со речиси осум милиони активни корисници месечно. Германија планира да го воведе системот во јануари 2027 година, додека Холандија го одложила почетокот за крајот на истата година. Бугарија сè уште работи на потребната законска рамка.

Во пилот-проектите финансирани од ЕУ учествувале околу 350 организации, при што биле издадени повеќе од 1.500 дигитални потврди и реализирани над 8.000 прекугранични трансакции.

Компаниите во ЕУ ќе мора да го прифаќаат европскиот дигитален паричник најдоцна до 24 декември 2027 година, додека за банките оваа обврска ќе започне уште во јули 2027 година.

Организацијата за заштита на дигиталните права EDRi, сепак, изразила загриженост околу дел од предложените правила, особено можната употреба на технологија за препознавање на лице и одредби за кои смета дека би можеле да ја намалат заштитата на приватноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl67klaqg5f99ag1MWw0

Водата станува глобален проблем: ЕУ предупредува на суши, миграции и конфликти

Свет | пред 7 часа

— реклама —
media-library99m7hee7s5e17Vc578F

ЕУ бара намалување на трговскиот дефицит со Кина, разгледува нови ограничувања

Свет | пред 20 часа

media-libraryj4dr96mqr2fl720ppdD

Фон дер Лајен: Длабоко сум вознемирена од новата руска ескалација во Црното Море

Свет | пред 1 ден

ursula-1

ЕУ: Цврсто стоиме зад Меѓународниот кривичен суд

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања