Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија?

Во живо „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

ЕУ воведува построги правила за враќање на мигрантите, можни и центри надвор од Унијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-library02i35qhog8thag61W4q

Европските министри за внатрешни работи постигнаа договор за заострување на правилата за враќање на мигрантите кои немаат право на престој во Европската Унија. Новите мерки треба да овозможат поефикасно спроведување на одлуките за враќање, наместо фокусот да остане само на административните постапки.

Договорот бил постигнат на состанокот на Советот за внатрешни работи во Луксембург на 1 октомври, пренесува „Еуроњуз“.

— реклама —

Според новите правила, лицата кои немаат право на престој во Унијата ќе мора да соработуваат со надлежните институции при нивното враќање. Доколку одбијат да соработуваат, може да им бидат намалени социјалните надоместоци, да бидат парично казнети или да се соочат со кривични пријави.

Се воведува и европски налог за враќање, со кој земјите членки ќе можат меѓусебно да ги признаваат одлуките за депортација донесени во друга членка.

— реклама —

Правилата ќе бидат преиспитани по три години. За лицата кои ќе бидат проценети како безбедносна закана, земјите членки ќе можат да изрекуваат трајни забрани за влез и да определуваат притвор подолг од 24 месеци.

Мерките предвидуваат и можност за воспоставување центри за враќање во земји надвор од ЕУ. Новите правила нема да се однесуваат на малолетници без придружба, а се очекува да стапат во сила во наредните недели.

— реклама —

Заострувањето на политиката доаѓа во период кога бројот на нерегуларни влегувања во ЕУ е значително намален. На состанокот во Минхен на 26 септември, еврокомесарот за миграции Магнус Брунер изнел податок дека бројот на нерегуларни пристигнувања во последните две години е намален за 55 отсто.

Сепак, бројот на лицата кои навистина се вратиле во своите матични земји останува низок. Во текот на 2025 година, властите во ЕУ издале налози за враќање на речиси 492.000 лица, но Унијата ја напуштиле околу 135.000.

Грчкиот министер за миграции Танос Плеврис најавил дека првиот центар за враќање би можел да биде отворен во втората половина на 2027 година во една од африканските држави, но не прецизирал за која земја станува збор.

Од друга страна, Канцеларијата на Обединетите нации за човекови права изразила загриженост поради новите мерки. Оттаму предупредиле дека законодавството не содржи доволно јасни одредби за надзор, правото на жалба и условите во земјите кои би ги прифатиле вратените мигранти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

w_55031023

Калас: Путин зборува едно, а прави друго – ЕУ подготвува нови мерки против Русија

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV

Брисел планира царини и квоти за кинеската стока од 2027 година

Свет | пред 2 дена

media-librarye0j30dsrk3mqdzN4eIy

Од 2027 година нови ограничувања за готовински плаќања во Европската Унија

Свет | пред 3 дена

873x400-1-16

ЕУ ѝ платила 238 милијарди евра на Русија за енергенси, а зависноста сè уште не е прекината

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања