„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Евгениј Поп Ацев добитник на наградата „13 Ноември“ за спортист на годината

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-libraryoddoa0kee75u0yQILBd

Познатиот македонски пливач Евгениј Поп Ацев е добитник на престижната награда „13 Ноември“ во категоријата спортист на годината, која традиционално ја доделува Сојузот на спортови на Скопје. Признанието му беше врачено на свеченоста организирана по повод Денот на ослободувањето на главниот град, како дел од 55-тото издание на оваа спортска манифестација што се одржа во Спортскиот центар „Јане Сандански“.

— реклама —

Поп Ацев, кој минатата година го преплива Ла Манш за 9 часа и 43 минути, стана петтиот Македонец што го совладал овој светски познат предизвик, со што уште еднаш ја потврди својата посветеност и упорност, но и ја збогати богатата ризница на македонски спортски успеси.

media-library1bd8vept679l1VDyodg

Наградата за тренер на годината ја доби македонската ракометна легенда Кире Лазаров, за успехот со РК „Алкалоид“, кој под негово водство ја освои титулата во машкиот ЕХФ Европски куп за сезоната 2024/25. Истиот клуб беше прогласен и за најуспешна спортска екипа.

— реклама —

Признанијата за животно дело ги добија поранешната атлетичарка и тренерка Божурка Ѓошевска, која долги години работеше во Атлетскиот клуб „Работнички“ и на Факултетот за физичка култура „М.М. Брицо“, како и Кирил Михаилов, спортски фоторепортер и организатор на автомобилистички трки кој повеќе од четири децении е активен во спортот преку АМСМ.

Меѓу наградените се и спортскиот работник Мр. Горан Мицкоски од Џудо федерацијата, Јордан Тасевски – претседател на Македонската федерација за спортско стрелаштво, спортскиот новинар Владимир Булатовиќ од порталот „Екипа“, професорот по физичко образование Александар Аргироски од ООУ „Петар Поп Арсов“ во Скопје и професорката Ана Јакимовска Стричевиќ од Факултетот за физичка култура „М.М. Брицо“.

Свеченоста, на која беа доделени вкупно десет награди, уште еднаш ја потврди важноста на традицијата започната во 1970 година – да се вреднува трудот, талентот и пожртвуваноста на луѓето кои го градат и унапредуваат македонскиот спорт.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryg00bvbfghsidfFgc3s0

Градоначалникот Ѓорѓиевски со порака за 13 Ноември: „Нашата должност е да ја чуваме жртвата на хероите“

Скопје | пред 1 месец

VenkoF-SDSM

Филипче за Денот на ослободување на Скопје: Храброста на нашите борци од НОБ е темелот на слободата што ја живееме

Скопје | пред 1 година

mickoski-skopje-1

Мицкоски: Немаше администратори, туку окупатори, и таа историска борба не беше против одредени народи туку против фашистички режим

Скопје | пред 1 година

315561032_5786768674702630_1414090310642105349_n

Град Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, ова се добитниците

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања