Промени тема
Контакт

Градоначалникот Ѓорѓиевски со порака за 13 Ноември: „Нашата должност е да ја чуваме жртвата на хероите“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Скопје
media-libraryg00bvbfghsidfFgc3s0
ФБ

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски утрово одржа традиционална средба со претставници од Градскиот одбор на Сојузот на борците, по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, каде што им оддаде признание за зачувувањето на споменот на хероите што го донесоа слободниот град.

— реклама —

— реклама —
— реклама —

Утрово ја одржавме традиционалната средба по повод 13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје, со претставници од Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија.

Им се заблагодарив за нивната пожртвуваност и храброст да го чуваат жив споменот на борците кои го положија животот пред олтарот за слободно Скопје.

На денешен ден, Скопје ја дочека слободата донесена од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та македонска бригада, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор.

Тие херои се бореа за идеја, за достоинство, иднина, за Скопје какво што денес го имаме. Нашата должност е да ја чуваме нивната жртва жива, со тоа што ќе го градиме Скопје како град на слободни, горди и обединети луѓе.

Вечна слава на хероите кои го донесоа 13 Ноември!

Слава на борците за слободно Скопје!, напиша градоначалникот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryoddoa0kee75u0yQILBd

Евгениј Поп Ацев добитник на наградата „13 Ноември“ за спортист на годината

Скопје | пред 11 месец

— реклама —
VenkoF-SDSM

Филипче за Денот на ослободување на Скопје: Храброста на нашите борци од НОБ е темелот на слободата што ја живееме

Скопје | пред 1 година

mickoski-skopje-1

Мицкоски: Немаше администратори, туку окупатори, и таа историска борба не беше против одредени народи туку против фашистички режим

Скопје | пред 1 година

315561032_5786768674702630_1414090310642105349_n

Град Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, ова се добитниците

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања