Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Европа под мраз: Откажани летови, затворени патишта и жртви во сообраќајки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
media-librarysum6llsaumf23sSza9P
Unsplash

Ледените временски услови денес опфатија делови од Европа, а снегот и мразот доведоа до откажување на стотици летови во Холандија и до петмина загинати на француските патишта.

Внатрешниот железнички сообраќај во Холандија утрово беше целосно запрен, откако прекин во ИТ-системот ги влоши веќе постојните проблеми во железничката мрежа. Возовите почнаа делумно да сообраќаат по неколку часа, но нарушувања и понатаму имаше во регионот околу Амстердам, една од најпознатите туристички дестинации.

— реклама —

Откажани брзи возови и над 400 летови
Брзите Eurostar линии од Амстердам кон Париз беа откажани или доцнеа. На аеродромот Шипхол беа откажани повеќе од 400 летови, најмногу на холандската подружница на Air France-KLM, бидејќи зимските услови петти ден по ред го парализираат сообраќајот на едно од главните европски транзитни точки.

Во Германија, температурите на југот и истокот утринава паднаа длабоко под минус 10 Целзиусови степени. Големи делови од земјата беа покриени со снег, вклучително и региони близу Северното Море, каде што вакви снежни наноси речиси и не се јавуваат. Метеоролозите за петок прогнозираат бура, со обилни снежни врнежи на северот и истокот.

— реклама —

Несреќи на замрзнатите патишта во Франција
Во Франција, долготрајниот студен бран донесе ниски ноќни температури, откако вчера падна снег во парискиот регион и во голем дел од земјата. Шест помали аеродроми на западот и северот беа затворени, но не се очекуваат откажувања на двата главни париски аеродрома.

— реклама —

Министерот за транспорт Филип Табаро апелираше граѓаните што е можно помалку да патуваат со автомобил и, доколку можат, да работат од дома, предупредувајќи дека стопениот снег кој повторно замрзнува преку ноќ создава многу опасни услови на патиштата.

Пет лица загинаа во сообраќајни несреќи поврзани со мразот од вчера наваму, објавија BFMTV и други француски медиуми. Автобускиот сообраќај во Париз беше хаотичен, откако повторно беше воспоставен по вчерашниот прекин.

— реклама —

Британската метеоролошка служба соопшти дека опасноста од зимски временски непогоди би можела да трае цела недела на поголемиот дел од територијата на Обединетото Кралство. Издадено е жолто предупредување за снег во централна Шкотска.

Обилниот снег и дожд предизвикаа хаос и на Балканот
Оваа недела затворани беа патишта, имаше прекини на снабдувањето со електрична енергија и излевање на реки. Вчера во Сараево загина жена врз која падна дрво натежнато од влажен снег.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvn8urbi87a5neXEsw4p

Кои се најбогатите европски држави? Лихтенштајн убедливо на врвот, Македонија далеку под просекот

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-libraryjnokbt0rlqpi3wS3V3J

Европа бара работници, но квалификуван кадар нема: Во Германија едно место се пополнува за речиси осум месеци

Свет | пред 2 дена

media-libraryhvm3g4jisu4n9kiI4UJ

Објавена листата на најопседнати градови во светот – на врвот е европска престолнина

Вирално | пред 2 седмици

market-pari

Европа сè позагрижена за животниот стандард, незадоволството расте: Довербата на потрошувачите на петмесечно дно

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања