Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Европа стана најголем светски увозник на оружје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 часа -

Свет
media-libraryu38oa7greq2telYjcyF
Х

ЕУ во последните пет години стана водечки светски увозник на оружје, според SIPRI, поради руската закана и намалената доверба во безбедносните гаранции од САД. Увозот во Европа (2021–2025) е повеќе од трипати поголем од претходниот период, најмногу за помош на Украина и обновување на залихите. Европа сега има 33% од глобалниот увоз (претходно 12%) и и понатаму купува многу американско оружје. На Блискиот Исток увозот паднал 13%, но се очекува конфликтите да поттикнат нови набавки. САД го зголемиле уделот во глобалниот извоз на 42%; Франција е втора (9,8%), а Русија паднала на 6,8%.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Европската Унија во последните пет години стана водечки светски увозник на оружје, што е директна последица на реакцијата на владите на руската закана и сè помалата доверба во безбедносните гаранции од САД, покажуваат најновите податоци на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (SIPRI), пренесува Reuters.

— реклама —

Увозот на оружје во европските земји во периодот од 2021 до 2025 година повеќе од трипати се зголемил во споредба со претходниот петгодишен период. Главните причини се снабдувањето на Украина во нејзината одбрана од руската инвазија и обновата на сопствените воени залихи по децении на недоволни инвестиции.

Наглото зголемување на токот на оружје во Европа ја зголеми вкупната глобална трговија со оружје за скоро 10 проценти“, појаснува Мету Џорџ, директор на SIPRI-програмата за трансфери на оружје.

Според извештајот, Европа сега сочинува 33 проценти од глобалниот увоз на оружје, додека во претходниот петгодишен период уделот бил 12 проценти. Иако ја зајакнуваат својата воена индустрија, европските земји и натаму интензивно купуваат американско оружје, особено борбени авиони и системи за противавионска одбрана со голем дострел.

— реклама —

Увозот на оружје на Блискиот Исток паднал за 13 проценти, иако Саудиска Арабија и Катар сè уште се меѓу четирите најголеми светски купувачи. Падот главно се должи на тоа што големите нарачки на Саудијците од претходниот период сè уште не се испорачани, објаснува истражувачот на SIPRI, Питер Веземан.

Тој додава дека државите од регионот уште пред неодамнешните американски и израелски напади врз Иран веќе испратиле значајни нови нарачки кои сè уште не се вклучени во статистиката. Се очекува тековниот конфликт дополнително да ја поттикне набавката, особено на противракетни и противвоздушни системи.

„Прво ќе ја заменат потрошената опрема, а потоа ќе разгледаат набавка на дополнителна за да се заштитат уште поефикасно отколку досега“, вели Веземан.

САД ја зацврстиле својата доминација, зголемувајќи го уделот на глобалниот пазар од 36 на 42 проценти. На второ место е Франција со 9,8 проценти од глобалниот извоз, додека уделот на Русија по инвазијата на Украина во 2022 година паднал од 21 на само 6,8 проценти. Вкупниот извозен удел на европските земји изнесува 28 проценти, што е четирипати повеќе од Русија и пет пати повеќе од Кина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryls32hkcd77ga472CyO0

(Видео) Русија тестира ново оружје со ротирачки сајли за соборување дронови

Свет | пред 3 седмици

media-libraryjijc629lb4us3L49QJ1

(Фото) Бомби, пушки, автоматско оружје - позната возраста на скопјаните кои планирале одмазда за нивните осудени браќа

Македонија | пред 1 месец

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Истрага против четири лица за пронајдени дрога и оружје во Брвеница

Македонија | пред 1 месец

media-librarylsjioff14per6Eh1gBw

Норвешка набавува артилериско оружје со долг дострел вредно милијарда евра

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања